Шепот на споменот

Зошто боли?

Боли бидејќи со солзи го исплакав минатото, со болка го испратив. Си отсеков дел од душата кога заминував и го положив на тие патишта кои остнаа позади мене. Тој ден отидов на перонот и таму ја послав и душава. Сакав сè што е остаток од минатото да го испратам со возот кои одеше во некоја непозната насока, но ветуваше дека никогаш нема да се врати. Сите спомени ги спакував во една вреќа и ги оставив таму некаде, на некои места кои адреса немаат, кои не можат да се најдат ако не нурнеш во длабоките води на срцето.

Боли бидејќи таму закопав една стара јас. Во порите на минатото останаа многу случувања, многу насмевки и љубов.

Боли бидејќи таму ја закопав мојата душа. Онаа која грешки правеше, која се соочи со тоа и денес го надмина. Таму те закопав и тебе, со сите спомени. Нашите први погледи останаа запишани на тоа место. Допирите и прегратките молчат и чекаат еден ден да ги оживееме повторно. Но секогаш боли кога минатото се повторува.

Во мислите ми прелетуваат сите случувања и знам дека не можам никогаш да се ослободам од нив. Дишењето се забрузва кога со спори чекори излегувам низ портата која нè спои. И само ќе шепнам дека тука закопав една стара јас, тука ја закопавме нашата љубов, тука остана запишано едно наше и само наше минато. И продолжувам понатаму. Си заминувам од местото и се насмевнувам бидејќи животот е магичен па минато во сегашност става. Една љубов полека се закотвува на пристаништето на сегашноста без нималку страв и срам. Погледнувам кон небото и му се заблагодарувам на бога што имам спомени на кои плачам и на кои се насмевнувам.

Благодарна сум што минатото ме промени. Но, сепак боли затоа што се чувствува гласен татнеж од топовите на некогашната разделба и воскреснувањето на една љубов.

Местото каде остана закопана нашата љубов е подиумот каде минатото се поздравува со сегашноста и ја кани на еден бодликав танц. Тоа е место каде останаа душите на едни стари ,,ние”, кои никогаш во потполност, после таа љубов, нема да бидат исти.

Живееме во сржта на едно минато, во виорот на една болка и магијата на една сегашност, водени од лудоста на љубовта.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.