Свечен час – Рајнер Марија Рилке

Рајнер Марија Рилке е еден од најголемите германски писатели и лиричари. Рилке извршил големо влијание врз германската публика уште на почетокот од своето творештво, со лирската проза „Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристоф Рилке“ (Weise von Liebe und Tod des Cornets Chrisoph Rilke), поема за замислениот предок, напишана во текот на една есенска ноќ во 1899 година. Ова длабоко лирско дело е исполнето со огромно чувство на осаменост, болка, страдање и еротика која во себе го носи здивот на смртта.

Најпознати дела на Рилке се: „Записките на Малте Лауридс Бриге“, „Нови песни“, „Песна за љубовта и за смртта на корнетот Кристофер Рилке“, „Девински елегиииСонети за Орфеј“.

Ја издвојуваме песната „Свечен час“ која се надеваме дека ќе ви се допадне.

Свечен Час

Оној што сега плаче некаде во светот
без причина плаче во светот
плаче за мене.

Оној што сега се смее некаде во ноќта
без причина се смее во ноќта
ми се смее мене.

Оној што сега оди некаде во светот
без причина оди во светот
кон мене иде.

Оној што сега умира некаде во светот
без причина умира во светот
ме гледа мене.

Препев: Душан Томовски

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.