Ласло Наѓ – Крадец си во песна што се крие

Ласло Наѓ бил унгарски поет и преведувач.

Најважните тематски особини и мотиви во неговата поезија најубаво се прикажани во неговата песна од 1957 година Ki viszi át a szerelmet (“Кој ќе ја спаси Љубовта?“), која уште во текот на 1960тите станува доста славна, а денес се смета за негова најпозната поема.

Во неа, Наѓ го поставува прашањето што е всушност одраз на неговото поетско мото: кој ќе ги спаси вистинските вредности на животот во периодите на разочараност и криза, ако не поетите?

Добитник е на многу престижни литературни награди, а исто така е и лаурeат на Струшките вечери на поезијата.

На македонски јазик во 1970 г. во препев на Паскал Гилевски, објавна е неговата поетска книга Крадец во песна што се крие, од каде ја издвојуваме следнава песна:

Крадец си во песна што се крие

Крадец си во песна што се крие,
од молби, од грижи, од сопствена судба
злогласна шума и изѕемнат честар
ти создаваш кроце околу себе,
притоа ноќ црна, кај што и твојата
кошула е развеан свилен призрак,
сал пламен од алкохол што се пие,
крадец си во песна што се крие,
твоите очи, и твоите очи се чудат
како што се шират отворите лисни
и се стеснуваат, но пак на друго место,
непрестајно намерно, а бесцелно,
однадвор глутничав оган и стега,
однатре рујни ѕвездички од срна,
однатре од крвта твоја, од железото на крвта
меѓу азурните окна на твоите опна
заслепителен свет е твојот замет
и твојот грев, зашто таму денот во сјај се мие,
крадец си во песна што се крие,
благословено брадесто мајчинство,
партизанско мајчинство, со лесна круна,
за да не бидеш жив барабан на оној празник
на тупаниците во етерот што се движат,
за да не ја згазиш смислата на својот бит,
зад тие гнили мешунки на смртта,
да не ги соберат краците склештени
рајските светкавици на твоите сетила,
би се смрзнала се, кога камен столб
би ја облекол кошулата забревтана твоја,
крунисај се со лисја и чувај се од она што бие,
крадец си во песна што се крие,
тоа си, зашто небесни и земни кругови
тлеат и птицата ко пепел паѓа,
зашто лудо се врти во траур
оној што го донесе тркалото во светот,
и плаче на Јаворот пропелерското семе
што стана со праидејата изведена од него
се отвораат: на смртта момините солзи
и се затвора постоењето – зашто и благословот
матен е, и зашто се меша слодух со барут,
зашто вртејќи им грб на коси од сјај
вџашено дете мајчините врати
ги удира со тупаница и вчудовидено
би истрчала низа од белточини
и огромни глутници од планински сртови
назад да се скријат во смелите, ситни праќелии,
под запалените месечини кај што се спие
– крадец си во песна што се крие,
врз тебе чизми од мов и населба од мрави,
и се потиш од отровите на немирот
и судиш меѓу трњето на верноста,
а верноста вечно околу тебе, се вие,
крадец си во песна што се крие
својата ракавица: петпрсната лилија
ја фрлаш пред песовите што душкаат,
те испитуваат, и се цеди од неа крвта.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.