Кога ти е најтешко само сети се

Кога ти е најтешко само сети се дека некој се наоѓа во многу полоша ситуација од твојата. Знам дека за најнепосакувани и неповолни ситуации тешко е да се најде утешен збор или поддршка бидејќи тоа нема многу да промени за оној кој се наоѓа во таква ситуација, но може да му се врежат тие зборови длабоко под кожа и да се сети на нив кога најмногу ќе бидат потребни. Никому во животот постојано не му грее сонце, сите немаат исти услови за живот, а со тоа ни поволности и придобвки, а тоа се должи на повеќе фактори за кои сега нема да зборувам. Меѓутоа заедничко е тоа што сите можат да доживеат неуспех и да не се чувствуваат удобно поради некоја причина или настан. Најважно е тогаш да се сети човек дека не е сам, дека претходно некој бил на негово место или дека ќе се најде на истото, и да не заборави на она главното: сѐ поминува, ништо не трае вечно. И секогаш постои врата за излегување од секоја потешкотија. Човек ќе најде начин за излез само ако сака да го пронајде и ако има доволно волја. А, она што најмногу му недостига во незгодна ситуација е токму волјата, но и желбата за преземање мерки. Малку поткревање на духот и опркужување со позитивни мисли, луѓе, читање книги, гледање мотивирачки видеа или занимавање со некоја друга активност која ќе помогне во пренасочување на мислите и оттргнување од лошото расположение секогаш е добредојдено! Не сте сами! Што и да ви се случува (случило) вие (го) преживеавте! Сонцето пак изгреа и ново утро пак ќе се роди сакале или не. Еднаш имам речено/напишано: „додека дишам ќе се надевам“. Сега некоја напредна верзија на ова би била: „додека дишам и се надевам ќе имам причина за радост и за живеење“.

Последните настани со новооткриениот „корона“ вирус дигна голема прашина во јавноста, а луѓето почнуваат да креваат паника и се заштитуваат“ и „подготвуваат“ на сите можни начини да го избегнат заболувањето. Додека не се случило нешто вакво слично од светски размери никој не помислува дека „денеска може да биде последниот ден од мојот/нечиј живот“. Не се умира само од смртоносен вирус! Се умира и од друго. И смртта доаѓа непоканета и ненадејно кај повеќето. Тоа не значи дека треба да се плашиме од неа. Туку да бидеме помирени и да се надеваме дека ќе се сретнеме со нејзе дури во поодмината возраст кога ќе бидеме во хармонија со нашиот проживеан живот и соочени со фактот дека во секој момент ќе се збогуваме со овоземниот свет. Фактот дека од глад умираат премногу луѓе на годишно ниво во цел свет е доволен показател дека на светот не треба да му се случуваат „смртоносни“ болести за да се прави селекција помеѓу луѓето. Во никој случај не велам дека е позитивно што се јави овој новиов вирус, кој посакува да постои такво нешто? Но, велам дека треба да бидеме свесни дека треба да се живее и кога нема вондредни ситуации и кога не се случуваат вакви настани и најважно: ДА НЕ СЕ ПАНИЧИ! Кревањето врева и паника нема да донесе ништо добро туку само ќе ни го закочи живеењето.

И настрана од вирусите, луѓето на дневна основа страдаат многу повеќе, а не се ни допрени од физичка болест. Страдаат во лоши врски, бракови, нехармонични семејства, доживуваат „булинг“ на училиште и неприфаќање од околина, психичко и физичко насилство, имаат проблеми на работно место, се соочуват со мобинг и слични незгодни ситуации што многу влијаат врз секојдневното функционирање, а најмногу врз психата и менталното здравје.

Кога ти е најтешко само сети се дека некој некаде доживува и полоши работи. Секогаш велам дека од убаво секогаш може да има поубаво, но и ќе постои полошо од секое можно замислено „лошо“. Мора да ја негуваме благодарноста воедно помислувајќи дека ние сме среќни таму каде што сме и дека некој моли да го има тоа што ние го имаме, а не го цениме доволно. Потсетете се само дека имате среќа што можете да си дозволите многу нешта што и не се најопходни, додека некои луѓе едвај врзуваат крај со крај и пак се благодарни и среќни со она што го имаат. Среќата никогаш не била во материјалното, туку во душата и во она што го имаме во себе.

Кога ти е најтешко помисли на еден убав спомен од детството. Веднаш запрашај се дали тоа дете би било гордо на возрасната личност во која си израснал/а и дали вреди самосожалување? Кога ти е најтешко помисли на луѓето што вистински те сакаат, дали тие би сакале да те гледаат уништен? Кога ти е најтешко помисли на своите најмотивирачки мисли, оние што си ги кажуваш за да се мотивираш кога нешто не ти е волја да го правиш. Кога ти е најтешко сети се на твоите успеси и ќе видиш дека не е сѐ така црно и дека си постигнал/а многу. Но, и дека животот е пред тебе и дека те чекаат уште многу успеси! И никогаш не е доцна за било каква промена. Сети се на сите причини што можеш да ги замислиш и зошто вреди никогаш да не се откажеш! Најди ги твоите „затоа што“ и главата горе! Можеш да постигнеш сѐ што ќе наумиш со цврста волја и љубов кон себе и другите. На здравје паузирање! До следно!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.