21 знак дека сте ментално појаки од повеќето луѓе

Дали припаѓате во оваа група? Психотерапевтот Еми Морин, авторка на книгата „13 работи што не ги прават ментално јаките луѓе“ открива како тоа да се утврди врз основа на неколку знаци!

Развојот на ментална сила е долготраен и тежок процес. Секојдневно мораме да вежбаме за да станеме посилни, да го сочуваме реалниот оптимизам и да поставиме здрави граници. Ментално силните луѓе не губат време на самозожалување и не ја расипуваат сопствената енергија. Прочитајте кои се знаците што говорат дека сте ментално јаки!

  1. Контролирање емоции со логика
    Ментално јаките луѓе се свесни дека чувствата можат да влијаат на расудувањето. За да ја донесат најдобрата можна одлука тие ги контролираат емоциите со здрава логика.
  2. Продуктивно однесување
    Ментално јаките луѓе не губат време на непродуктивни постапки како што се обвинување други луѓе, избегнување комплицирани ситуации и барање изговори иако понекогаш им е тешко да одолеат.
  3. Доверба во способост за прилагодување на промени
    Психички силните луѓе знаат дека можат да поднесат промени иако тие се непријатни. Тие својата енергија ја насочуваат кон прилагодување на промените наместо да им се спротивстават.
  4. Соочување со стравови
    Ментално јаките луѓе не мора да се соочуват со сопствените стравови за да се докажат пред другите туку тоа го прават за да не бидат ограничувани на патот кон целта.
  5. Учење од сопствени грешки
    Ваквите особи не ги прикриваат нивните грешки ниту се правдаат поради нив туку учат.
  6. Рамнотежа помеѓу самоприфаќање и напредување
    Ментално јаките луѓе се прифаќаат себеси онаки какви што се, но истовремено ја согледуваат потребата од личен развој.
  7. Искрено радување на туѓ успех
    Ментално силните луѓе соработуваат со луѓето околу себе, а не се натпреваруваат со нив. Тие не чувствуваат дека успехот на другите луѓе на некаков начин ги намалува нивните сопствени постигнувања.
  8. Познавање приоритети
    Ментално силните луѓе релативно лесно донесуваат одлуки бидејќи ги знаат нивните приоритети и живеат во склад со сопствените вредности.
  9. Усовршување на способностите, а не фалење со нив
    Додека некои луѓе бараат потврда од другите, психички силните луѓе не се сконцентрирани за добивање признанија од околината. Наместо тоа, тие вистински се трудаат да напредуваат уште повеќе.
  10. Автентичен начин на живот
    Психичките силните луѓе се верни на себеси. Она што го говорат е во склад со нивното однесување.
  11. Животните потешкотии како прилика за растење
    Тешките животни ситуации кај некои луѓе создаваат чувство на огорченост, но ментално силните луѓе во нив гледаат прилика за напредок.
  12. Вреднување себеси врз основа на она што се, а не според она што го постигнале
    Добро се чувствуваат во своја кожа и кога добиваат и кога губат.
  13. Принцип на одлагање на задоволствата
    Ги гледаат своите цели како маратон, а не како спринт. Тие се подготвени да поднесат болка доколку таа ветува напредок во иднина.
  14. Неуспехот како поттик
    Не го доживуваат неуспехот како крај туку како прилика да стекнат знаење кое ќе им ги зголеми шансите за успех во иднина.
  15. Реален оптимизам
    Во состојба се да ја согледаат позитивната страна на одредена ситуација, но не дозволуваат да бидат заслепени од склоноста кон оптимизам.
  16. Прифаќање одговорност за сопствениот избор
    Не се казнуваат без потреба, но во целост ја прифаќаат одговорноста за нивните постапки.
  17. Благодарност
    Наместо да се жалат поради тоа што го немаат тие сфаќаат дека имаат повеќе отколку што им е потребно.
  18. Вниманието е насочено кон она на коешто може да се влијае
    Тие се ефикасни и продуктивни во животот бидејќи своите ресурси ги вложуваат во она на коешто може да се влијае.
  19. Посветеност на пронаоѓање решенија
    Тие не се грижат поради проблемите туку создаваат решенија.
  20. Подготвеност за учење во сите околности
    Непрекинато учат од околностите во кои се наоѓаат и од луѓето со кои секојдневно доаѓаат во допир.
  21. Работа на надминување слабости, а не нивно прикривање
    Многу луѓе упорно се трудат да ги скијат своите слабости, но ментално јаките вложуваат енергија во надвладување на своите слаби страни.




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.