Под прозорец

Да се потсетиме денес на еден од наајголемите словенечки поети Франц Прешерн и неговата љубов кон неговата муза Јулија Примиц која за жал била невозвратена. Тој ѝ оставил прекрасни стихови кои ќе сведочат засекогаш за неговата голема љубов.

Месечина,
полноќ мина –
бавно доцен бие ѕвон;
в срце сега
бол ме стега,
та си немам трошка сон.

Ти си крива,
љубезнива,
девојко, со срце зло.
Ти ме рани
и ми браниш
сон да најдам в својот дом.

Кај да седам
сè го гледам
постојано твојот лик;
копнеж ти си,
в срце ми си,
не те забравам ни миг.

В ноќта бела
дојди, ела –
треперат сал ѕвезди рој,
од прозорот,
дај го зборот,
да знам дал сум сакан твој?

Да ми дадеж
трошка надеж,
мавни рака ти, без глас.
Ноќ е темна,
ми те нема
што да чинам кутар јас?

В домот нејзин
ѕвездо влези,
погледај дали сон ја свил;
дали слуша,
или куша,
или мисли на друг мил?

В сон ли трае
здрав да е,
ме куша ли – не е зло!
На друг, ако мисли в мраков
жив да не сум поарно.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.