10 причини зошто треба да се заљубите во девојка која чита

Срцето не е пребирливо за оние што вистински знаат да сакаат, но кога веќе може да се прави избор, тогаш најдобрата препорака е да се заљубите во девојка која чита.
Прочитајте ги следниве причични зошто го велиме ова. Истото важи и за девојките, заљубете се во мажи кои читаат!

  1. Таа може да гледа на работите од поинаква перспектива
    Ваквата девојка не е во никој случај површна и таа ќе се обиде да им погледне на нештата од сите можни агли и ќе проба да ги разбере. Бидејќи е научена на трпеливост и прочитала толку животни судбини што мора да знае да се снајде со секоја „пречка на патот“.
  2. Има богат вокабулар и знае убаво да се изразува
    Едноставно по начинот на изразување може да се направи точна проценка дали некој поминува време во читање книги. Ова важи за двата пола иако секогаш постојат исклучоци. Како и да е, читањто и убавото изразување одат рака под рака иако тоа можеби секогаш нема да изгледа така. Како и да е, таа девојка може да користи и разбере посложена терминологија бидејќи низ страниците веќе се сретнала со доста зборови кои не можат да се сретнат во обичен ден секојдневно.
  3. Нема да ви замери ако откажете план и одлучите да останете дома
    Бидејќи таа секако ќе има занимација, па на вас останува како ќе го трошите заедничкото време. Можете да ѝ се придружите и да си создадете заедничка рутина на читање книга од еден час, секој да ја чита својата и после да си раскажувате впечатоци.
  4. Секогаш ќе знаете да ѝ погодите подарок
    Многу е едноставно и предвидливо нели?
    Ако немате идеја што да ѝ подарите за роденден или сакате да ја изненадите без повод, тогаш купување книга со ваша посвета е полн погодок! Ако ѝ го знаете вкусот и ѝ одберте одличен наслов, нема никогаш да згрешите. Дури и да не сте по читањето, можете малку да погледнете во нејзината домашна библиотека за отприлика да добиете претстава какви наслови да барате во книжарница.
  5. Таа е скромна и ги цени вистинските вредности во животот
    Не, книгите не ја направиле таква, туку нејзиното животно искуство. Но, бидеќи чита таа уште повеќе ја разбира вредноста на животот и сите негови составни делови. Таквата девојка парите попрво би ги потрошила во книжара отколку на купување алишта по последна мода во некој трговски центар. Таа ќе штеди за да може да си дозволи книги и во ниеден момент нема да зажали кога ќе мора по десетти пат да ги облече истата блуза и пантолони, бидејќи е задоволна од тоа што го има, не е материјалист и знае да ги цени нештата.
  6. Со нејзе секогаш ќе имате теми за разговор
    Од А до Ш секоја тема за разговор ѝ е добредојдена и таа нема да ја избегнува туку напротив ќе си го искаже ставот и ќе даде мислење дури и за нешто што не ѝ е многу познато и блиско, бидејќи има некое општо познавање колку и да не е сигурна во истото.
  7. Не се расправа туку ќе се обиде на цивилизиран начин да го решите конфликтот
    Многу е приземна и разбрана кога е во прашање конфликт и најчесто избегнува жестоки караници и истите ги мрази од дното на душата бидејќи не носат ништо добро туку само грижи и нервози. Наместо да ви се развика и да ви каже што ѝ смета кај вас со „урлање“, да ве обвинува за некоја грешка или да ви припеше некоја друга вина, таа ќе се обиде да ве разбере, а потоа преку разговор и прашања ќе ви стави до знаење дека е повредена и малку лута, ќе сака можеби извинување и објаснување, ќе ја смири ситуацијата и ќе признае без проблем ако згрешила и ако има дел од вината, и набрзо работите ќе се средат и ќе завршат со прегратка наместо со лупање на врати.
  8. Не ѝ проблем да биде сама и да поминува квалитетно време кое си го посветува себеси
    Девојката што чита го цени своето време, но подеднакво и вашето. Нејзе нема да ѝ пречи ако не ѝ обрнувате внимание додека се посветувате на вашата пасија, активност што ве исполнува дури и ако таа не е присутна и не ја дели со вас. Знае дека е многу важно да поминувате квалитетно време заедно, но исто така и секој од вас треба да посвети време на индивидуланите активности и хобија, дури и ако се работи за истото хоби.
  9. Ако ја остави книгата поради вас знајте дека имате специјално место во нејзиното срце
    Кога е задлабочена постојат малку работи поради кои би го прекинала читањето, но ако ви враќа на пораката, а е со книгата во раце значи дека одвојува од времето само за вас и тоа треба да го цените бидејќи „крадете“ дел од нејзинити скапоцени мигови. Истото е и кога сте дома заедно или кога ѝ се јавувате. Тешко може да се оддели од страницата, но кога сте вие во прашање нема простор за двоумење.
  10. Се чувствувате убаво и пријатно во нејзино друштво
    Оваа причина последно ја спомнуваме, но има најголема важност. Ништо не е поважно од меѓусебно чувство на пријатност во заемно присуство. Покрај неа ќе ви биде удобно, ја чувствувате за блиска, таа ви е најдобар пријател и истовремено животен партнер, можете лесно да ѝ се доверите, знаете дека ќе ве ислуша и секогаш ќе ви подаде рака, ќе ви биде рамо за плачење, но и за споделување на најсреќните и најтажните мигови од вашите животи.

    Па, што чекате – пронајдете ја ваквата девојка! А, ако веќе сте ја пронашле чувајте ја како скапоценост бидејќи е реткост што не се повторува.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.