Пролетна – Јован Јовановиќ – Змај

Како што пролетта веќе се наговестува и ќе ни дојде набрзо, да се потсетиме на една преубава пролетна песна од српскиот поет Јован Јовановиќ – Змај, една од моите омилени песни посветени на ова прескрасно годишно време.

Зузука пчелка,
ветрети вее
поточе в гора
гргори, пее,
лоза се вие,
в роса се мие,
птиците пеат,
песнички леат,
шумата чиста
весело листа
сè се повторува:
пролет зазорува.

Сонцето светол
водоскок плиска,
ја слати сета
глед, Фрушка Гора,
штом пукне зора,
секаде здравина,
сегде убавина.
Сè се повторува:
пролет зазорува.

Мравките веќе
брзаат среќни,
штурчето штури
со топла љубов,
така го слави
животот убав.
Муграта руди,
живот се буди.
Сè се повторува:
пролет зазорува.

Децата мали
играат, пеат,
се прегрнуваат,
во радост греат.
Гледај: насекаде
сонце и цвеќа.
Тоа е пролетна
блажена среќа!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.