Што е психотерапија? Важноста на менталното здравје и зошто не смее да биде табу тема!

Нашето ментално здравје заедно со физичкото би требало да ни биде на прво место. Тоа како се чувствуваме влијае на сите аспекти од нашиот живот: од работа, пријателски односи, па сè до односот со партнерот. Меѓутоа, за менталното здравје треба да се грижиме активно, а барањето помош е еден од знаците дека го препознаваме проблемот и дека сакаме да го решиме.

Што е психотерапија и кој е психотерапевт?

Според законот за делувањето на психотерапија, таа е третман на проблеми од емоционална природа по психолошки пат во кој едуцирана особа намерно воспоставува професионален терапевтски однос и употребува стручни постапки со цел отстранување, модификување или ублажување на интензитетот на постоечки психички симптоми/потешкотии, со цел промена на нарушени шеми на однесување и поттикнување позитивен развој на личноста на децата, адолесцентите и возрасните луѓе.

Тоа опфаќа психотерапија која што подразбира воспоставување терапевтски однос поради постигнување позитивна промена во смисла на менување на обрасци на однесување и реагирања воспоставувајќи врска со несвесните мотиви, мисли и чувства т.е. советување кое подразбира воспоставување терапевтски однос чијашто цел е да се преработуваат актуелните потешкотии за пронаоѓање најдобро решение во склад со потребите на индивидуата во советувањето, а притоа не се работи на преработување на несвесните мотивација и актуелни емоционални потешкотии.

Со самото тоа, психотерапевт е оној кој ги спроведува тие постапки, а тоа може да биде некој кој има завршено дипломски студи од областа на медицината, психологијата, социјалната работа и едукативна рехабилитација, социјална педагогија, педагогија и логопедија со дополнителна неколкугодишна обука и стекнување лиценца за работа во областа.

Зошто за психотерапијата сè уште се говори со страв и/или потсмев?

Иако станува збор за високообразовани стручњаци кои се едуцираат во текот на целата кариера и луѓе на кои навистина можеме да имаме доверба, во нашето поднебје одењето кај специјалист за ментално здравје се доживува како нешто „чудно“, „ненормално“, со еден збор како табу. Три стручњаци одговараат на ова прашање: Мартина Ковачиќ, Катарина Леватиќ и Вања Првуловиќ.

Психологот Мартина Ковачиќ вели дека треба да се биде внимателен во слушањето совети од различни „животни тренери“ со кој светот е полн, па ги има и во нашиот регион (Хрватска и Македонија во конкретниов случај). „Во морето од „совети“ кои велат дека треба да се размислува само позитивно или да се „вибрира“, менталните нарушувања или какви било психички кризи се интерпретираат како сопствена слабост и неспособност. Мозокот е единствениот орган и дел од телото кој нема право на боледување“, истакнува.

Психологот и психотерапевт Катарина Леватиќ е свесна дека разговорот за оваа тема сè уште е табу во нашето општество (се мисли на Хрватска), а присутни се и бројни неточни информации за целиот процес. „Многумина веруваат дека ќе бидат осудувани или одбиени од другите ако дознаат дека посетуваат психотерапевт. Од друга страна, некои не веруваат дека со разговор може да се промени нешто или се сомневаат дека некој непознат може да знае нешто што би им помогнало. Кај некои луѓе постои и уверување дека животот е тежок и дека страдањето е нормална состојба, па затоа не бараат помош“, вели таа.

Нималку не помага ни тоа што јавно експонираните индивидуи на социјалните мрежи и во медиумите намерно наметнуваат нереална слика на вечен оптимизам, благодарност и размислувања само за убавата страна на животот, а со тоа се согласува и психологот, гешталт психотерапевт и тренер по невролистичко програмирање Вања Првуловиќ.

Постојат ограничувачки уверенија во нашата култура колку е важно да се биде силен, самостоен и дека работата на менталното здравје на некој начин претставува неуспех. Слично е со ограничувачките уверувања дека на психотерапија се оди кога „ќе ги изгубиш нервите“ со тоа што терапијата е јавно „признание“ за тоа. Овие и слични уверувања ја перципираат психотерапија како негативна т.е. не се поддржуваат клиентите кои ја пробале и нивните позитивни искуства да ги споделат со другите и на тој начин преку усна препорака да се прошири позитивен глас. Понатака, општо помалку луѓе се занимаваат со здравје, физичко, а уште помалку ментално. Ако се занимаваат со здравјето тоа е во ситуации кога тоа е веќе нарушено, а не се превенира. Потребно е да се работи на освестување на јавноста за важноста на грижата за себе низ обрнување внимание на својата ментална и физичка добросостојба“, вели Вања.

Работата на себе не е знак за неуспех – затоа е исклучително важно да се побара психолошка помош.

Леватиќ советува тоа да биде уште кога проблемот е мал и не е премногу комплициран.

Никако не би советувала да се чека кога „водата ви е до грло“ бидејќи тогаш проблемот потешко се решава и тој процес трае многу подолго. За жал, многу луѓе дури тек тогаш се одлучуваат да побараат помош, кога се веќе пред психички слом и кога ситуацијата е веќе сложена. Помош од психотерапевт е добро да се побара кога ќе почувствувате дека не сте задоволни и среќни и кога не сте задоволно со своите односи, било да се работи за партнерски однос, родителски или пријателски. На психотерапијата клиентот учи како ефикасно да ги задоволува своите потреби и како да создава квалитетни односи.

Ковачиќ додава дека дури и ако не се побара помош во раната фаза од развојот на проблемот, тоа секако треба да се направи ако чувствуваме дека се загрозуваме себе или луѓето во нашата околина. Психологот Првуловиќ исто така е свесна дека помошта најчесто се бара кога луѓето чувствуваат дека повеќе не можат сами. Бараат помош откако веќе ги пробале сите останати начини на поддршка и кога според нив им е потребен брз излез од моменталната состојба и нарушување, без оглед дали се работи за панични напади, анксиозност, депресивност или нарушени меѓучовечки односи. Всушност таа состојба може да води до разочарување од психотерапевтскиот процес бидејќи не го добиваат очекуваното и мислат дека тоа сепак не е корисно“, истакнува.

И заправо затоа е многу важно на психотерапијата да се гледа како на дел од животот и прилика за создавање најдобра верзија од себеси. Кога психотерапијата ја гледаме како свесен избор за работа на себе, запознавање и јакнење на свесноста т.е. контактот со самите себе, тогаш тоа е процес кој трае, се менува и обликува спрема она што се случува со клиентот во тој момент од животот. Со тоа психотерапијата станува дел од грижата за здравјето, како што е одењето во теретана или на систематски прегледи, заклучува Првуловиќ. Ако чувствувате дека поради која било причина ви треба стручна помош секако обратете се кај вашиот личен лекар. Тој ќе ве упати кај специјалисти (приватни или во склоп со државните болници) што ќе ви помогнат да го решите вашиот проблем. Немојте да чекате проблемот да ескалира.
Грижете се за вашето ментално и физичко здравје, чувајте ги и спречете појава на нарушувања!

One comment

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.