Конкурс за третиот балкански поетски фестивал „Стихувалки 2020“

Во соопштението на официјалната страна од организаторите на настанот стои следново:

ЈАВЕН ПОВИК:
Ги повикуваме сите заинтересирани афирмирани и неафирмирани автори кои пишуваат поезија за деца, да се пријават за учество на КОНКУРСОТ за литературната манифестација – ТРЕТИОТ фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2020“

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Право на учество имаат сите афирмирани и неафирмирани автори постари од 18 години кои пишуват поезија за деца, со следите ПРОПОЗИЦИИ на КОНКУРСОТ:
• Се испраќаат ЕДНА песна со должина од 12 до 20 стихови на мејл адресата: stihuvalki@gmail.com со назнака „за конкурс“.
• Песната се потпишува со податоци на авторот (полно име и презиме, адреса, број на телефон и личен мејл).
Песните се праќаат во Word, (Times New Roman, големина на букви 12) задолжително лекторирани.
• Авторите кои пишуваат на други јазици може да испратат песна на својот ЈАЗИК со превод – препев на македонски јазик (двојазично).
ТЕМАТА на конкурсот е СЛОБОДНА.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
• Конкурсот ќе биде отворен од 21.02.2020 до 21.03.2020 година (од датумот со кој се одбележува ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК – до датумот со кој се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА)

НАГРАДИ:
1. Од пристигнатите поетски творби жири комисијата ќе ги избере најдобрите кои ќе бидат објавени во публикацијата – зборникот – збирката на фестивалот и истата ќе биде промовирана. Имињата на авторите застапени во збирката ќе бидат објавени на ФБ-страницата СТИХУВАЛКИ – поетски фестивал. Публиката ќе може да гласа за секоја објавена песна.
Примероци од збирката на сите застапени автори ќе им бидат поделени на централната завршна манифестација.
2.На сите автори чии творби ќе бидат објавени во збирката ќе им бидат доделени признанија на завршната манифестација.
3. Од сите објавени песни, Комисијата ќе избере три најдобри и ќе награди тројца автори со парични награди и ПЛАКЕТИ.
4.Сите автори учесници на КОНКУРСОТ ќе можат да присуствуваат на централната манифестација – ФЕСТИВАЛОТ НА ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА „СТИХУВАЛКИ 2020“ на која ќе се доделуваат наградите.

Извор


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.