Дозволи да те запознаам

Умееш ли со емоции? Умееш ли да се носиш со сѐ она што надоаѓа во тебе? Дали можеш да ги слушнеш гласовите на твојата душа? Ох, дали имаш срце воопшто? Драги, проклето се плашам. Што ако не умееш со емоции? Што ако ти ја ставам душава на дланка и ти ја испуштиш? Што ако ти го дадам срцево во доверба и ти го скршиш? Што ако ме повредиш? Што ако се загубиш на некои патишта, непознати и доста црни? Ох, што ако егото завладее со тебе? Што тогаш? Кaко мојава душа да го издржи тоа твое рушење? Како да го гледа тој добро познат човек, како се претвора во некој странец? Таа болка, зарем лесна е?

 Се плашам. Но, истовремено имам и храброст да се соочам со сите твои тонови. Сиви, темно сиви, црни, бели, шарени. Имам храброст да се соочам со човекот што го криеш во себе. Бидејќи сакам да те запознаам.

Сакам да го знам оној човек што го криеш од светот. Сакам да знам што се крие подлабоко во тие зеници, сакам твоите очи со боја на сафир да ми зборуваат за љубовта, страдањето, болката и страста. Сакам и јас да го запoзнаам човекот за кој само ти знаеш. Сакам да бидеш соголен пред мене. Душата и срцето соголени ти ги сакам. Сакам да ми ги откриеш твоите најмрачни тајни. Сакам да знам сѐ за тебе. Каде те боли да ми кажеш, да ми раскажеш на што се насмевнуваш. Сакам да знам кои се твоите соништа и очекувања од животот. Сакам да ми кажеш за ударите што ти ги дал животот и да бидеш горд на себеси.

Сакам да ги знам твоите спомени, да ми кажеш кое е твоето минато, колку те болат раните. Сите црнила сакам да ги откријам.

Можеби плачеме по исти спомени, можеби крвариме на исто минато, можеби се плашиме од истите чудовишта, можеби копнееме по иста иднина. Можеби се надеваме на истата љубов. Којзнае.

Затоа, дозоли ми да те запознаам…

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.