Цитати по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Јазикот е богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Во светот постојат околу шест илјади јазици (воодушевувачки нели), а на половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Мајчиниот јазик кој го знаеме и говориме уште од мали нозе е идентитетски поврзан со нас и нашето постоење, тоа е јазикот на кој ни зборуваат родителите, тоа е оној на кој ги учиме првите зборови и лесно го разбираме. Мојот мајчин јазик е македонскиот, а како таков тој постои долго време. Долга е историјата на неговото создавање – од некогашна глаголица, па до денешна кирилица.

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Треба да го негуваме и чуваме ова културно наследство!

По повод денешниот ден споделуваме неколку цитати во чест на јазикот.

„Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески

„Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете“. – Л. Толстој

„Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа заминува во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце“. – Н. Мандела

„Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата“. – Џорџ Орвел

„Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“. – Џорџ Орвел

„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“. – Марк Твен

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.