Мудри животни цитати кои ќе ве наполнат со позитивна енергија

На сите ни е потребно да слушнеме, прочитаме и помислиме на позитвни мисли што ќе ни помогнат во „растерување“ на темниот облак во денови кога и баш не сме доволно мотивирани.

„Поентата на животот не е да чекаме да се смири бурата туку како да научиме да танцуваме на дождот“, ова е само еден од цитатите што нè полнат со позитивизам и помагаат да гледаме на светлата страна на работите.
Смислата и поентата се разликуваат од човек до човек, но генерално гледано секој сака лесно да ги преброди тешкотиите и да се носи со нив на најдобар можен начин.  

  • „Невозможно е!“, вели гордоста. „Ризично е“, вели искуството. „Нема смисла“, вели разумот. „Ќе се обидеме“, шепоти срцето. – Непознат автор
  • „Луѓето што се доволно луди и мислат дека можат да го променат светот се всушност оние што го менуваат“. – Епл
  • „Никогаш нема да станеш онаа особа којашто сакаш да станеш ако ги обвинуваш другите за тоа што си“. – Непознат автор
  • „Разликата помеѓу она што сме и она што сакаме да бидеме е она што секојдневно го правиме“. – Дејл Карнеги
  • „Ако навистина сакате нешто да направите ќе најдете начин, ако не сакате ништо да правите ќе најдете изговор“. – Непознат автор
  • „Уживајте во малите работи бидејќи еден ден кога ќе погледнете наназад и ќе сфатите дека тие мали работи всушност биле оние големите“. – Роберт Браулт
  • „Луѓето велат дека мотивацијата не трае. Па не трае ни бањањето – затоа двете ги препорачуваме на дневна основа“. – Зиг Зиглар
  • „Не се грижете за вашата репутација, туку за вашиот карактер. Вашиот карактер е она што сте одвнатре, а репутацијата е само одраз на она што другите го мислат за вас“. – Дејл Карнеги
  • „Во животот ако не ризикуваш сè, ризикуваш да не живееш како што сакаш“. – Непознат автор

И за крај ќе го повториме цитатот од почетокот бидејќи заслужува да биде препрочитан повеќепати:

„Поентата на животот не е да чекаме да се смири бурата туку да научиме да танцуваме на дождот“.

Позитивноста мора да ја бараме во секое време!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.