Зошто поезијата е важна за децата?

1.Поезијата го подобрува вниманието кај децата

Децата треба да научат да читаат различни видови на текстови и песни во различни форми. Она што е важно и посебно кај  поезијата е тоа што децата ја читаат и ја повторуваат на глас и тоа повеќе пати одеднаш. На тој начин, тие ги подобруваат  своите вештини на слушање. Тие учат внимателно да ги следат зборовите што ги слушаат и почнуваат да размислуваат што значат тие зборови споени заедно.

2. Со поезијата децата истражуваат нов јазик и вокабулар


Поезијата често содржи зборови што се римуваат за да направи одреден ефект и на тој начин  децата можат да научат повеќе за фонетиката и фонетските гласови од зборовите што се римуваат. Песната може да се користи за да се разберат полесно структурата на реченицата, граматичките правила и како истите може да се менуваат и да се прекршуваат во одредени околности.
Поезијата го збогатува вокабуларот. Децата се изложени на зборови што претходно не ги чуле и таму ги слушаат во одреден контекст и на тој начин полесно ги усвојуваат.

3. Поезијата ги инспирира децата да пишуваат

Преку поезијата децата учат за структурата на песната. Тоа е првиот чекор кој треба да го знаете пред да  почнувате да пишувате поезија.  Со поезијата, учат како да состават зборови за да формираат значење и контекст. Учат како да ги изберат вистинските зборови за да создадат слики и ефекти.
Децата ги разделуваат строфите на песните , а потоа учат како да ги спојат. Учат како да следат одредена шема и да постават зборови во одреден редослед. Некои песни имаат лесен и забавен образец за следење и во исто време се одлични примери за децата да започнат да учат да пишуваат.

4. Го охрабрува креативно размислување

Поезијата е форма на изразување. Пишувањето  ни овозможува да ги искористиме нашите чувства и мисли на некоја тема додека ја читаме, нè поттикнува да ги поврземе и да најдеме смисла во нашите искуства.

Поезијата може да има позитивно влијание врз социјалното и емоционалното учење на децата. Може да понуди нов начин за тоа како нешто децата го разбираат и сфаќаат.  Децата може да ги пренесат оние работи на хартија кои  можеби не знаат како да ги изразат на поинаков начин. Поезијата ги охрабрува децата да се изразат себеси и своите чувства.

5. Ја всадува љубовта кон читањето

Додека децата учат да читаат треба да бидат изложени на различни видови на пишуван текст , а поезијата се разликува од детските прозни дела кои ги читаат.  Таа им овозможува да имаат увид во нов свет и нови искуства. Таа е еден волшебен и необичен свет полн со забава и смеа. Затоа, читајте им поезија на децата!

6. Помага во подобрување на меморијата

Кога учениците учат песна на памет и ја  рецитираат, тие ја  поврзуваат меморијата со аудио- визуелни настани, со што ја развиваат вештината паметење.

Придобивките не завршуваат овде. Кога учите напамет, станувате подобри во учењето на странски јазици, читањето и математиката.

7. Децата се здобиваат со поголема самодоверба

И на крај  и се разбира од голема важност е тоа што со рецитацијата, децата се здобиваат со поголема самодоверба во јавни говори.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.