Љубовна песна од Костурско

Пред пет века, висок службеник на Римската црква, на име Силвестар, на враќање од Ерусалим за Рим, поминал низ Македонија. За починка ја одбрал Македонија, па така извесно време престојувал во Костур. Воодушевен од чудните и интересни зборови кои ги слушнал од костурчаните, решил да запише се’ што можел за време на неговиот престој. Притоа со тоа, тој го создал и првиот македонски речник. Па така една вечер слушајќи ги костурчаните како пееле, запишал стара македонска народна песна, која претставуваат најстар запис од македонското народно творештво. Во продолжение можете да ја прочитате во целост, но и да слушнете како звучи, рецитирана од милозвучниот глас на Ненад Стојановски.

Тако   ти   Бога,   девојко,
Как   те   зовет   на   име?
О   душко-ле,   жив   ти   очи,
Ходи   овамо,   зарви   ме.
Твојто   ти   целвање   ти   се   молам,
дарви   ме.
Што   си   лепа,
што   си   бела,   што   те   лубам,
девојко!

Ела   моја   паригорие,
да   те   целвам   в   устата.
Как   овоштје   ме   мирисет
штото   роди   крушата.
Тако   ти   вишнего   Бога,
не   ми   везми   душата.
Што   си   лепа…

До кога серденце моја,
скривом да се лубиме,
со страхови преголеми,
днови да се лубиме?
Ела, стан, пи врага,
ходи да се вземиме.
Што си лепа…

Ношта   ми   те   украдехе,
дења   ми   те   продадохе,   кира
за   дванавдесет   флорин.
Постели   ми   постелата,   кира
покри   мене   со   јоргано,   кира
ни   те   гибам,   ни   те   даркам.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.