Жил Верн – писател кој ја инспирирал и предвидел иднината

Жил Верн – писател кој ја инспирирал и предвидел иднината

Месецов се навршија 192 години од раѓањето на Жил Верн, еден од писателите кои го одбележаа детството на многу генерации читатели. Неговите книги ја будат детската фантазија и ги пренесуваат детските, но секако и возрасните читатели во светот на фантазијата и необичните авантури на неговите ликови.

Се разбира, сите се сеќаваме на капетанот Немо и подморницата Наулитулус од еден од неговите најпопуларни романи „20 000 милји под морето“. Капетанот Немо е  човек кој крие мрачни тајни и во романот го запознаваме преку очите на професорот Пјер Аронакс, светски познат научник кој е воодушевен од сите технички достигнувања на капетанот, но претчувствува дека тој длабоко во себе носи голема несреќа и очај. Капетанот Немо е многу интелигентна личност, но и човек спремен на освета.

Една од главните пораки на книгата е дека осветата и омразата може да ги заборат и најгенијалните умови како што тоа се случило со капетанот Немо.

Покрај овој негов познат роман, Жил Верн напишал многу други романи , односно неговото творечко дело е доста обемно.

Тој напишал над 80 романи и подолги прозни текстови (вкупно 58 романи имаат заеднички наслов „Необични патувања“ ) со кои доживеал огромна популарност, не само во Франција, туку и во целиот свет.

Се здобил со големо богатство и огромна слава рамна на најголемите имиња во светската литература во тоа време.

Негови попознати дела се:

  • 20000 милји под морето
  • Патување во центарот на Земјата
  • Пат околу светот за 80 дена
  • Таинствениот остров
  • Децата на капетанот Грант
  • Пет недели во балон
  • Авантурите на капетанот Хатерас
  • Од Земјата до Месечината
  • Михаил Строгов
  • Д-р Окс
  • Илустрирана географија на Франција и нејзините колонии
  • Историја на големите патешествија
  • Кристифор Колумбо

Сите негови романи топло ги препорачувам, се читаат во еден здив и секако ќе ве инспирираат како што тоа успеал тоа да го направи Жил Верн, па така еден од првите дизајнери на подморници, Симон Лејк ја направил првата позната подморница по моделот на Наулитилус.

Игор Сикорски, исто така, еден од првите дизајнери на хеликоптери го навел Жил Верн како инспирација при дизајнирањето на неговиот прв хеликоптер.

Многу познати научници и книжевници биле инспирирани од овој голем писател, кој и денес воодушевува со неговите визионерски идеи со кои бил пред времето во кое живеел. Дали навистина светот би бил поинакво место за живеење, ако не постоеше Жил Верн?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.