Дали си богат?

Го сретнав тој навидум очаен човек. Во порите на неговото лице се испишуваа многу приказни. Изгледаше многу смирено, изморено, разочарано, но сепак многу задоволно. Неговите очи вриштеа од умор, а сепак светкаа од среќа. Го местеше картонот на подот, за да го претстави својот прекрасен и мошне редок талент на луѓето што минуваа на таа улица.

,,Дали од твојата музика заработуваш многу пари? Дали поради тоа што свириш во секоја доба овде, заработуваш многу?” реков и во исчекување го гледав.

,,Колку е тоа многу пари за тебе?” ме праша после едноминутната тишина и се насмевна.

Хах, какво добро прашање. Ги рамрдува емоциите, си мислам.

,,Па, да речеме неколку илјади, можеби и повеќе?”

Тој повторно се насмевна и студено ми одговори: ,,Не. Никогаш не сум заработил толку многу пари”, рече и замолче. Ја наведна главата и уште еднаш се насмевна.

,,Добро, а дали некогаш си имал висока позиција за работа, па си бил и богат?” прашав затоа што сакав да слушнам нешто повеќе од неговите усни, бидејќи знаев дека таа душа имаше што да каже.

,,Зарем позициите те прават богат човек? За тебе да си богат, значи да имаш многу пари и позиции?” смирено ми врати и продолжи: ,,За мене богатство е мојот живот, засекогаш”.

Што да се каже после ова? Неговите зборови длабоко ме замислија. Да, колку пари е за тебе тоа ,,многу пари”? На која позија треба да си, за да си богат? Што ти подразбираш под богатство и под сиромаштија? Што е за тебе една позиција?

Што е за тебе животот? Богатство или моменти? Пари ставени на кантар со спомени, здравје ставено на кантар со работа на која никогаш не ѝ доаѓа крај? Ако животот се мери со среќни мигови, колку од нас се богати?

Што те прави тебе богат, човеку?

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.