Се вели дека голема љубов било тоа

Велат, голема љубов било тоа од која само сеќавања останале. Љубов, окована во болни спомени. Слушнав многу приказни и легенди за тие заљубени души. Бев на местата каде настаните се случиле. Како сè уште да се слушаат гласовите на заљубените во тие пусти места. Велат, дека тие биле подготвени сè да жртвуваат еден за друг. Велат, голема љуов била тоа. Океани пресушувала, длабоки рани отварала, солзи порои правеле. Велат дека на таа љубов и светот се покорил. Го земав пенкалото и запишав. Секој збор внимателно почнав да го запишувам. Со чувства да го красам.

Слушнав дека сите можни жртви што може еден човек да ги направи, тој ги направил за неа. Се вели дека во ниеден миг не се поколебале во нивата љубов. Велат дека таква љубов веќе не постои. Невозможно е.

Кога момчето завршило со забиена стрела во неговиот граден кош, девојката крикнала од болка. Без колебање со раширени  раце и со голема насмевка почнала да трча кон него. Солзи ронела, трчајќи плачела и викала на сиот глас. Неговите колена трепереле на студот. Очите му се полнеле со солзи додека гледал како неговата сакана е подготвена животот да го даде за него. Не го испуштал последниот здив, сè додека и таа не дојде кај него. Не можел, не било пишано.

Се насмевнал уште еднаш, срцето му крварело велат, бидејќи сакал барем неговата сакана да живее. И тогаш настапила тишина. Кога девојката го прегрнала, а стрелата  нејзиниот граден кош го ранила. Слушам дека тие заедно отишле на небесата. Ми кажаа дека дури тогаш момчето го испуштило последниот здив, прегрнувајќи ја неа, со последните атоми на сила.

Ох, ниту смртта не ги разделила.

Велат дека како таа љубов веќе никогаш нема да се роди друга. И на местото каде што тоа се случило, сега има две прекрасни рози. Колку и да ги сечат, никој не можел да ги исече. Корените им биле испреплетени. Само вакви кажувања кружат. Кога некој ќе ја спомене оваа љубов, луѓето се поклонувале и ги наведнувале главите. Да не се фрли дамка на сеќавањата, легендата се пренесува и ќе се пренесува засекогаш. И на крајот дознав дека тие биле толку ,,прави” еден за друг, но во погрешно време. Ох боже, каква љубов било тоа си велам. Какво страдање и болка.

Погледнав кон небото и една солза протече од окото. Сето тоа само ми го кажаа, а јас го запишав. Нека се чува барем во записите. Но, колку и да пишувам никогаш нема да можам да го доловам тоа чувство. Колку и редови да се напишат, големината на нивната љубов нема да може да се опише. Бидејќи тоа може само со срцето да се почувствува, со душата да се поврзе, со солзи да се исплаче и со насмевки да се прослави.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.