Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови – Пабло Неруда (видео рецитал)

Повторно рецитираме поезија и ја прикачуваме на YouTube каналот! Изборот за денес е поемата со наслов Puedo escribir los versos más tristes esta noche од Pablo Neruda и не е на македонски, но се надевам дека ќе уживате во слушањето и ќе ви се допадне бидејќи јас уживав додека го читав.

На линкот можете да ја чуете поемата, а јас можам само да ве поканам да направите subrscribe на каналот доколку сакате да бидете во тек со останатите видеа.

Исто така можете да ми предложите во коментари чии стихови сакате наредно да ги чуете.
Секој ваш коментар е добредојден и ценет.

Пријатно слушање!

Еве го преводот на македонски:

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,

модри ѕвезди трептат во далечината“

Ноќниот ветер кружи на небото и пее.

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови

Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше.

Во ноќите како што е оваа, во мојата прегратка беше.

Ја бакнував, повторно и повторно, под бесконечното небо.

Понекогаш ме сакаше, и јас неа ја сакав.

А како да не се сакаат тие големи, неподвижни очи!

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

Да помислам дека ја немам. Да почувствувам дека ја загубив.

Да ја слушам бесконечната ноќ, уште понеизмерна без неа.

И стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето.

Што е важно што мојата љубов не можеше да ја сочува.

Ноќта е ѕвездена, а таа не е со мене.

И тоа е сè. Во далечината некој пее. Во далечината.

Несреќна е мојата душа што неа ја загуби.

Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.

Моето срце ја бара, а таа не е со мене.

Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла.

Ниту ние од вчера, веќе не сме истите.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку само ја сакав!

Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото.

На друг. На друг ќе му припадне. Како и пред моите бакнежи.

Нејзиниот глас. Јасното тело. Нејзините бесконечни очи.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам.

Љубовта е толку кратка. А заборавот толку долг.

Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка

Несреќна е мојата душа што неа ја загуби.

Иако ова е последната болка која ми ја нанесува

И овие стихови последни кои за неа ги пишувам.

3 comments

  1. […] ги видео рецитациите: Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови, , Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш), No me pregunten – Pablo […]

    Ми се допаѓа

  2. […] ги видео рецитациите: Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови, , Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш), No me pregunten – Pablo […]

    Ми се допаѓа

  3. […] ги видео рецитациите: Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови, , Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш), No me pregunten – Pablo […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.