Борба

Што ќе кажат другите, како што велат, убило повеќе соништа од било која трагедија. Тогаш зошто ги слушаш другите? Многу е едноставно. Твое е секој нареден ден да даваш сѐ од себе. Да се бориш за своите соништа. Ти не си должен да живееш како што тие ти налагаат. Па излези од комфорната зона. Разочарај ги сите оние кои со отворени срца чекаат секој миг да загубиш. Кога тие тоа го очекуваат, ти биди победник. Треба да ја прифатиш секоја можна прилика што животот како тест ќе ти ја понуди. Не е на тебе да мислиш што другите ќе зборуваат за тебе. Бидејќи го прават тоа, значи тие се илјадници чекори позади тебе. Значи? Ти повторно си во предност. Секогаш верувај дека си роден за да освојуваш многу големи работи. Освен дисциплината, лојалноста, срцето и твојот ум, самодовербата е клучот за сите брави во животот. Направи една храбра работа денес, драг читателу. Потоа уште една и уште една и уште една. Така ќе станеш многу похрабар од тоа што си сега. Тренирај на теренот на животот, а потоа бори се во неговиот ринг. Таму се забележуваат победниците, во рингот се докажуваш, таму победуваш, а на теренот се бориш за да го достигнеш сето тоа, бидјеќи таму работиш на себе. Биди зависник од успехот. Само внимавај, тука е многу тенка линија. Помеѓу вообразеноста и амбицијата. Мораш многу добро да ја процениш и успешно да ја одминеш. Немој само да ги следиш своите соништа, со скрстени раце. Бркај ги, фати ги цврсто и натерај ги на послушност. Немој да дозволиш некој друг да го живее твојот сон.

 Секој нареден ден е нов предизвик. Стрпливо чекор по чекор искачи се онаму каде што си замислил. Сите други гласови, освен гласот на успехот, остави ги зад себе. Тие не знаат ништо, верувај. Само зборуваат. И да си сам, ти продолжи да го следиш она што го сакаш. Во себеси, најмногу верувај.

И секако дека тие нема да победат, бидејќи јас нема да изгубам. Бидејќи победник, едноставно е оној кој сонува, но никогаш не се предава.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.