Прва платформа за слушање Аудио книги на македонски јазик – „Самоглас“

Слушајќи аудио книги го подобрувате вашиот говор и изговор! Додека нараторот ја чита книгата, можете да научите и забележите како изговара одредени зборови, покрај брзината на читање, паузите и интонацијата кои се важни за подобрување на користењето на јазикот, велат од Самоглас, а ние можеме да кажеме само дека не може, а да не се согласиме.

Ја поддржуваме идејата на овие млади ентузијасти кои веќе напорно работеле и уште работат на нивниот најнов проект. Како што велат и самите, „ветар во грб“ им се реакциите од луѓето што им ја поддржуваат и поздравуваат идејата. Само напред!

Сметам дека беше потребно вакво нешто кај нас, а ќе споделам и една тајна која гласи дека имав на ум ваква слична идеја бидејќи бев свесна дека недостига платформа од ваков вид, но не знаев од каде да почнам за да се реализира, ете за среќа постои малиот тим на „Самоглас“ кој бил побрз во реализирањето на замислата.

Со желба за промоција на културолошкиот и едукативниот раст во државата, „Самоглас“ е првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Во соработка со издавачката куќа „Херои“, поддржана од „Икона“, на неа веќе може да се слушаат неколку книги на македонски јазик меѓу кои „Малиот принц“, „Ромео и Јулија“, „Животинска фарма“ и „Дневникот на Ана Франк“, а активно се работи на дополнување со содржини.

Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) каде што се претставувани литературни содржини на македонски јазик. Засега нивниот број е мал, но се надеваме дека со текот на времето ќе расте и ќе можеме да слушаме уште нови содржини.

„Активно работиме на збогатување на содржините, во меѓувреме, љубопитните корисници веќе можат да се регистрираат бесплатно и да бидат меѓу првите кои ќе уживаат во придобивките од слушање аудио книги и заедно со нас да помогнат во развојот на платформата,“ велат од „Самоглас“.

Со овој проект ќе се приближат книгите до повеќе луѓе кои од некои причини не можат да читаат, а вака ќе имаат можност аудитивно да ја воспримат содржината што ја чита нараторот.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.