Гордеј се со себеси

Искористи го овој ден за да се гордееш со себеси. Искористи го секој нареден ден за да бидеш горд на она што си. Не тоа не е себичност, ти тоа го заслужуваш. Си поминал премногу во твојот живот, драг читателу. Многу болни спомени и голема тага си оставил таму некаде позади себе, во некои краишта кои само болка ти носат ако ги поминеш нивните граници.  

Токму ти си тој што ги преживеал работите кои мислел нека никогаш не би можел да се соочи со истите. И јас се гордеам со тебе. Не те познавам, но и јас сум само човек како тебе и сум се соочила со некои од битките со кој еден човек може да се најде очи во очи на пустото боиште на животот. Види ги тие солзи кои ги пролеа во минатото, но сепак не дозволи да те поразат. Види ги тие загуби после кои сепак си се соземал. Види ја силата која тлее во тебе. Колку пати само си бил во центарот на катастрофата, колку пати си излегол од таму со посекотини на твоето битие, но си се опоравил и сега си посилен од било кога, зарем не? Колку пати си одлучил да се бориш бидејќи едноставно животот не ти оставил друг полесен избор? Колку пати со тешко срце си пуштил некој да си замине? Тоа срце е голем океан на тајни, зарем не? И на крај на сето ова има само една вистина. А тоа е дека ТИ си борец. И најважно, ТИ СИ ПОБЕДНИК. Победник кој многу пати изгубил, но никогаш не се предал.

 Гордеј се со себеси бидејќи во срцето сè уште имаш спомени кои те болат, имаш рани кои никогаш нема целосно да престанат да крварат, биди горд бидејќи ти чувствувап. Види, стави ги прстите на твојата рака и ќе го почувствуваш пулсот. Стави ја дланката на срцето и ќе видиш како чука во ритамот на љубовта. Секој нареден здив треба да те поттикнува да бидеш уште подобра верзија од себеси. Немој да го искористиш ова време на земјата само за преживување. Мораш и вистински да живееш. Треба да живееме за моментите кои го одземаат здивот.  

Не секогаш можеш да бидеш силен, но секогаш имаш можност да бидеш храбар.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.