Писмо кое никогаш не пристигна

Повторно на тебе ти пишувам. Еве срцево така сака. Не можам повеќе да ги загушувам неговите гласови со оваа гордост. Самото ме влече кон тебе. Еве нека ова парче хартија, ги впие овие солзи. Oх, најмил мој. Нема компас ова срце. Што знае тоа за страв и ,,невозможно? Се плашам дека ќе заталкам во некои непознати шуми барајќите тебе, се плашам од гладните волци што таму ќе ме пречекаат. Се плашам од војниците кои ќе излезат да ги бранат своите фронтови. Се плашам од жртвите што ќе ги видам како полегнале. Сакам да појдам и да се впуштам во твојата потрага, но како мил мој? Па еве. Ако нозеве не можат, тогаш срцево нека патува. Нека крвари на ова парче хартија, додека ти го пишувам ова писмо. А ми требаш, проклето ми требаш, тука да си до мене. И радост и тага да делиме заедно. Сакам да те сакам одблизу. Да не те делам со животот и неговите искушенија. Не сакам да се соочувам повеќе со немилосрдните километри што секогаш застануваат помеѓу нас. Ова срце е силно, но доста уморно. Сакам за прв пат да можам да  те имам во целост. Не сакам да пишувам вакви грди патописи за нашите некогашни изминати патишта заедно, не сакам да пишувам за сеќавањата на тебе, туку сакам да си тука. Поприсутен од било кога. Дланка во дланка, во твоите прегратки. Сакам твојот мирис да го почувствувам во воздухот, близу до мене. Овие дланки копнеат да ја допраат твојата коса, твоите образи. Овие усни копнеат по тебе. Сакам гласот да ти го слушнам. Погледот на мојата кожа да го почувствувам, да се наежам. Ох, не сакам да се плашам. Зарем многу барам од судбината, затоа што те барам само тебе? Најмил, откако ти  замина, денови не постојат. Гледам, како и денот и ноќта го загубиле своето значење. Надеж нема, часови нема, минути нема, само некое бледо исчекување. Некои бледи сеќавања што ме тапкаат по рамото, само некои пусти соништа. Најмил, знаеш дека кога се разделивме и кога ме бакна во челото јас те оставив како аманет на Бог. И велат дека ако некого оставиш како аманет на Бог, нема да си заминеш од овој свет а да не го видиш. Велат дека оние кои со бакнеж се разделиле еден ден животот повторно ќе ги спои. Такви се гласините и приказните, најмил. А јас верувам во нивните кажувања. Па те чекам. Еве тука, прикована за оваа судбина, те чекам да се вратиш пишувајќи ти го ова писмо, за да го намалам барем малку страдањето на ова немирно срце жедно за твојата присутност.

Недостасуваш...

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.