Океан на љубов

Знаевме дека оваа љубов е завршена уште пред да почне. Кога ни се споија погледите знаевме дека еден ден ќе се разделиме. Беше тоа љубов осудена на страшен пропаст. А сепак се осмеливме да ја избереме таа опција на судбината. Се впуштивме во океанот на оваа љубов, безрезервно, без појас за спасување. Запливавме и се трудевме да останеме близу до брегот. Бог е сведок дека направивме сè за да не нè понесе страста, но ветровите на занесот се многу опасни, не можевме да им одолееме.

Ох, во тој миг на страст ние целосно се оддлалечивме од таму. Сега се наоѓаме во најдлабокиот дел на оваа љубов, сами, само океанот пред нас, зад нас, до нас. Само океан од љубов околу нас. И многу тага. Океан на љубов создаден од солзи, без дно, со многу бранови. Тишина и само лесно чуен ветер доаѓаат до нас. Мирно време, создадено како за љубов. Јас и ти прегрнати одбиваме да се соочиме со опасностите и плутаме на површината, а сепак со страв во срцата дека не можеме да го пронајдеме тлото. Немаме каде да застанеме, немаме каде да се одмориме. Со затворени очи се трудиме уште малку да почувствуваме од тој океан на љубовта несебично и без страв и покрај тоа што нè конзумира дел по дел. Студенило чувствувам во секој дел од телото, но страста толку добро си игра со него, што мислам дека во тоа студенило јас и ти гориме. Не сакам да ги отворам очите, ниту пак сакам да се одделам од твојата прегратка. Ако се случи тоа знаеш дека ги губиме животите во оваа сина бескрајност. Уште повеќе се припивам за тебе, те бакнувам и се трудам да не мислам на бурата што може да дојде. Одеднаш нашите погледи се сретнуваат. Свесни сме за длабочината на океанот, за љубовта и за бурата што може да дојде. Ја чувствуваме страста измешана со страв и се потсетуваме дека сепак ние сме борци. Се насмевнуваме еден на друг со солзи во очите и почнуваме заедно да пливаме низ тој океан, низ животот.

Ох, само да не пресуши одеднаш. Или само да не се удавиме во оваа љубов, во оваа немилосрдна длабочина. Само да не исчезне. ,,Моли се најмил мој”.

,,Моли се!”

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.