Првата дигитална македонска книжарница е веќе тука

Инспирирани од дигиталната ера и глобалната еколошка криза, тимот на Книготека.мк одлучи да го олесни секојдневието на македонските библиофили.

Книготека.мк е дигитална апликација што им овозможува на своите корисници да купуваат електронски книги објавени од македонски издавачи и истите да ги читаат онлајн и офлајн на своите уреди.

Сите корисници имаат своја лесно пренослива дигитална библиотека каде можат да ги чуваат своите книги, да ги оценуваат, коментираат и споделуваат на социјалните мрежи.

„Го создадовме првиот агрегатор за електронски книги со цел да ги направиме книгите подостапни до читателите и да им овозможиме да читаат во кое било време, каде и да се наоѓаат во светот. Изреката ‘so many books, so little time’ повеќе не е изговор да не им се посветиме на книгите во овој брз и динамичен свет на живеење. Литературата е неопходна бидејќи нè прави попаметни и поотворени личности, а со Книготека го правиме читањето подостапно и поудобно од кога било“,  вели Марија Ичокаева.

Денес Книготека располага со околу 300 книги напишани од странски и домашни автори. Апликацијата е бесплатна и е поддржана од сите мобилни уреди и таблет-уреди на двата главни оперативни системи iOS и Android.

Сè што треба да направите е да ја симнете апликацијата на вашиот мобилен или таблет-уред, да се регистрирате и да започнете со купување и читање на најновите е-книги.
Извор

Ние ја поддржуваме идејата и посакуваме ова да биде успешен „проект“. Веќе ја симнавме и ја пробуваме, наскоро ќе ви кажеме впечатоци.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.