На само неколку денови од крајот на 2019-та правиме „резиме“ на годината што измина во поглед на читаноста на она што го споделувавме.
Годината ни помина премногу брзо и она што не успеавме да го реализираме поврзано со „Крајбрежје“ ветуваме дека ќе дадеме сѐ од себе за да го оствариме замисленото во 2020-та!

Како „заокружување“ на досега „прикажаното“ од активностите на целиот тим, ви ја подготвивме оваа статија во која ги соопштуваме најчитаните објави.
Покрај другото Вие сте сведоци на сите наши активности и Ви благодариме за секоја ваша посета, споделување, допаѓање, коментирање, читање и препорачување на блогот! И понатаму сакаме да го слушаме „Вашиот глас“ во секаков пишан облик, ќе продолжиме да Ве изненадуваме со новитети и активности (+ дарувања), ќе продолжиме да ги поддржуваме сите македонски (не)афирмирани автори, ќе продолжиме со рецензирање на книги (категорија која малку беше ставена на пауза оваа година), продолжуваме да бидеме свои, автентични и препознатливи како и досега.
Едноставно ве повикуваме да бидете со нас – да бидете дел од нашиот „свет“ и го потенцираме ова: следете нѐ како досега и бидете во тек со она што го подготвуваме!
- Во месец јануари најчитана објава од ваша страна е: „Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018-та година“
- Во месец февруари вашето внимание најмногу го привлече овој наслов: „Да ѝ погледнеме на вистината во очи – Бисера Батаклиева“
- Втора најчитана објава за истиот месец е оваа: „Трагање по душата близнак, мит или вистина во денешно време? – Рецензија на „Души близнаци (11:11)“ од Весна Здравковска Трајковска“
- Во месец март најчитана објава од ваша страна е: „Ода на радоста – химна“ (Интересен податок: оваа објава спаѓа во топ 3 најчитани објави од постоењето на блогот).
- За месец април „топ“ објава беше оваа: „Крајбрежје на два спротивни света објавува КОНКУРС за поезија“
- Во месец мај најмногу кликнувања имаше: „Женските ликови во „Крпен живот“ (есеј)“
- Во месец јуни најчината објава е колумната со наслов: „Каде се новинарите?“
- Во месец јули кога годишните одмори се во полн ек најголем интерес за читање имала следнава објава: „Тага – Стефанија Јакимовска“
- За месец август најчитана објава била: „„100 Илјади поети за промена“ распишува поетски конкурс за 2019-та година“
- Втора најчитана објава по број на прегледи за истиот месец е следнава: „Интересни факти за книгите што љубителите на книги ќе ги интересираат!“
- Во месец септември најкликнувана објава е оваа: „Нова Македонија“ распишува конкурс за краток расказ
- И месецот октомври бил во знакот на конкурси, па најголем интерес за читање предизвикала оваа објава: Конкурс за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“
- Во месец ноември најмногу сте ја читале следнава колумна: „Зборот лекува, зборот труе“
- Иако декември не е официјално завршен, до овој момент најчитана објава е следнава: „Нашиот блог е номиниран за најдобар блог за 2019-та година!“
(Некои објави не се објавени во истиот месец во кој се најчитани)
Нека владее среќа, здравје, љубов, мир и успех на секое поле кај секој од вас, и нека стане стварност сѐ што си посакувате, а најмногу она што е поврзано со книги (можеби поголем број на прочитани книги во новата година, повеќе подарени книги на другите, комплетирање на домашната библиотека со наслови што ви недостигаат или местење на новите полици во вашето омилено катче и сѐ останато што ќе го замислите).
Целиот тим на Крајбрежје ви ги честита новогодишните и божиќните празници и ви посакува сѐ најдобро! 🙂
Следете нѐ на нашата официјална Facebook страна, а присутни сме и на Инстаграм.