Играта „расипан телефон“ што не престанавме да ја играме

Се сеќавате кога ја игравме играта „расипан телефон“ како деца? Седнати на земја во широк круг група од 10-20 дечиња во градинка требаше да му шепнеме на другарчето што сме чуле односно што ни било шепнато од другото другарче што седи до нас од спротивната страна. Помните колку погрешно се „пренесуваа“ речениците/зборовите и колку изгледаше тоа смешно и чудно истовремено? Епа драги возрасни „деца“ ние никогаш не сме престанале да ја играме таа игра од детството. Сега ќе ви кажам и зошто. Колкупати се случило некое тврдење или ваша изјава да биде извадена целосно од контекст? Можете да потврдите дека тоа се случило минимум еднаш во последниве неколку месеци. Играта продолжува во следнава форма: седите на кафе со пријателката и нејзе ѝ соопштувате некој новитет за вас, таа го приема на нејзин начин и несвесно го запомнува на начин кој не е идентичен на вистинскиот и истата таа без лоша намера подоцна ѝ ја соопштува „веста“ на некоја друга ваша заедничка познаничка бидејќи имала прилика да го спомне тоа. Овде нема да се задржиме за прашањето за вредноста на пријателството и озборувањата што постојат насекаде, па измислување работи кои не се ни слушнати и со која цел се прави тоа, но и тоа е еден вид на „расипан“ телефон што го играат возрасните луѓе. Во конкретниот пример што го дадов за пренесување информација целосно несвесно дека не е наполно точна станува јасно дека играта продолжува и во возрасниот период, само што сега не е толку смешно и не сме седнати на земја еден на друг и со шепот не пренесуваме информации. Сега тоа го правиме седејќи на кафе, шетајќи во трговски центар, одејќи на фризер/козметичар, пишувајќи статус на фејсбук, преку телефонски разговор или чатувајќи преку месинџер како и на сите други можни начини каде што постои човечка интеракција. Со која цел се прави тоа? Некогаш не мора да постои реална цел што би требало да се постигне иако секогаш постои некоја причина. Која и да е причината за пренесување на погрешни информации колку и да се прави несвесно и ненамерно, тоа секогаш ќе постои сакале ние или не. Сè додека оваа „игра на расипан телефон“ не влијае на никаков начин врз нечиј живот тогаш е сосема во ред да постои. Сигурно сте го слушнале она дека „на волкот не му е воопшто гајле што мислат овците за него“, па водејќи се според оваа мисла тогаш на никој од нас не би требало да му биде гајле што останатите „шират“ во играта на расипаниот телефон. Лично мене отсекогаш ми биле мизерни озборувањата и „грижата за останатите на неубав начин“ и токму поради тоа секогаш сум се трудела да стојам настрана од таквите збиднувања иако не сум била секогаш имуна и нормално дека сум се нашла во ситуација каде што сум бил дел од таквиот начин на комуникација. „Грижата за останатите на неубав начин“ е она кога не се грижиш за другиот како се чувствува навистина или дали му треба твоја помош во одредена ситуација туку кога се споредуваш со него и со неговиот живот и притоа важно ти е да бидеш подобар на секој можен начин. Таквите што се грижат за останатите на овој неубав начин се оние што намерно го грешаваат зборот во играта „расипан телефон“ бидејќи така им одговара. Манипулаторите и себичните сакат да ја свртат играта во нивна корист, во секоја прилика. Тоа останува да биде нивен избор, а изборот на сите останати што се како волкот можат само да прекинат да ја играат нивната игра и да продолжат да си го живеат животот како и дотогаш, по нивна волја. Или она реченото: „кучињата си лаат, караванот си врви“ е најдобар опис за тоа како се справува со невистините и општо туѓото мислење што не е ни приближно точно до вистинската реалност. Впрочем, зошто поединецот да се грижи за тоа што некој друг мисли за него ако тоа нема никакво влијание врз него? И не смее да има апсолутно никакво иако во природата на човекот грижата секогаш ќе проба да се јави. Најважно и највлијателно мислење на секој човек треба да биде она неговото што го има за себе. Постојат многу причини за ова, но еве ќе издвојам една главна што ќе ја формулирам на овој начин: „со туѓото мислење ниту можеш да си ја платиш сметката ниту можеш да купиш храна ниту пак да се зачлениш во теретана“. Со мислењето што го имаат другите за тебе нема да носиш свои лични одлуки (ниту заклучоци) што ќе резултираат со некаков исход во твојот начин на живот. Подвлекувам: твоите мисли се толку моќни што можат да поместат граници што си мислел дека никогаш нема да ги преминеш, па затоа внимателно во процената на нивната вистинитост. Следи го нивниот тек и обиди се да се разбереш самиот. Бидејќи колку повеќе се разбираш себеси многу полесно ќе можеш да ги разбереш и останатите. А, сè што ни треба е меѓусебно разбирање. Не е толку важно дали некој чашата ја гледа полупразна, а друг полна, колку што е важно да се согласат дека гледаат чаша и дека нивните ставови не се поклопуваат. И тоа е сосема во ред бидејќи сите тргнуваме од различна перспектива и нормално е да имаме различна перцепција на работите. Ако прочита до овде и ако постои нешто со кое не се согласуваш со мене, тоа е во ред, не значи апсолутно ништо освен дека имаме поинакви ставови и гледишта. Ако пак се согласуваш речиси со сè што сум „изнесла“ како тврдење и тоа е во ред, а нашите ставови се поклопуваат во голема мера. Во првиот случај можеш да го споделиш твоето гледиште и да ми кажеш зошто не се согласуваш, а во вториот би прашала врз што се засновани твоите ставови? Прашањава не мора да се реторички, ако некој е расположен за дискусија ве очекувам во коментари. До следно. На здравје паузирање!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.