На денешен ден пред 111 години е роден Кочо Рацин

На 22 декември 1908 година во Велес е роден Кочо Рацин (Коста Апостолов Солев), македонски поет и револуционер кој е еден од основоположниците на современата македонска литература.

Псевдонимот Рацин го зел од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца, а кратко време го користел и псевдонимот Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ

Според официјалната верзија за неговата смрт загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница на Лопушник во Кичевско на 13 јуни 1943 година. До денеска не се разјаснети околностите на неговото умирање иако историчарите имаат нивни верзии што се случувало во тој кобен ден и не е исклучена веројатноста дека бил убиен.

Телото на Рацин било погребано во близина на Печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки се пренесени во Велес, каде што се родил на 22 декември 1908 година.

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес во 1956 година е претворена во спомен-музеј.

Во негова чест повеќе основни и средни училишта го носат неговото име.

Студентскиот дом во Битола го носи името „Кочо Рацин“.

Центарот за култура во Кичево го носи името „Кочо Рацин“.

Центарот за култура во Кочани го носи името „Бели Мугри“ во чест на неговата единствена збирка-поезија.

Во Хрватска, секоја година се одржува манифестацијата „Денот на Рацин“, со пригодни чествувања во Загреб и Самобор.

Секоја година, во недела, околу датумот на неговото загинување, 13 јуни, на планината Лопушник, се одржува планинарски марш во негова чест „Цвеќе за Рацин“ во организација на ПЕД „Ендорфин“ и ПСД „Бистра“ од Кичево.

Повеќе инфо овде.

Во негова чест ја споделуваме една од неговите најубави песни:
„Ленка“

„Билјана платно белеше…“

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол —

лицето ѝ се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свија кораво.

.

Не беше Ленка родена

за тија пусти тутуни!

Тутуни — жолти отрови

за гради — китки розови.

.

Прва година помина

грутка в срцето ѝ легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

.

И ноќе кога месечко

гроб ѝ со свила виеше.

Ветерчок тихо над неа

жална ѝ тага рееше:

„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше даровна…“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.