Маче на каче

Се качи мало маче

На старо каче

Посегна по колбавчиња

Солени дедини мерачиња

За час ги лапна сите

Дур дедо мустаќ брише

На јунското благо сонце

Под јаворот соседски

Па зема да бега

Дур нозе го држат сега

Кога виде како дедо

Колбавчињата ги бара

Мустаќ развиорил на јужец тој

Дур пакосникот го брка

Околу големата плевна

Каде глувчиња гозба прават

Ах мало маче викнале в’глас

Што ниет стори ти

Гозбата ни ја руши

Од зрели сласни круши

Па ми ги фатил дедо лут

Ги наредил сите на строј

На чело со пакосникот свој

На готовс, за голем бој

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.