Лекот за болката

Отидов на тие високи планини. Се искачив на највисоките врвови во надеж дека ќе го пронајдам лекот за болката. Погледнав од таа височина и сè што видов беше пусто зеленило. Не видов лек. Се симнав од тие планини.

Ги изодев сите цветни површини, собрав луда храброст и наминав и во тие црни шуми, бев покосена од бурата, влегов во торнадото на очајот и повторно не успеав да го најдам лекот за болката. Ги препливав сите мориња во надеж дека во некоја длабочина се крие лекот, но немаше. Копав длабоко под земјата, копав под покривките на историјата, но повторно не најдов. Одев во ноќи на тешкотијата, се соочив со темната страна на овој прекрасен живот, но сè попусто.

 Го прашав и животот на поминување кој е лекот за болката? Кој е лекот за овие рани кои никако да заздрават, па печат ли печат? Кои таблети треба да се испијат за да се заборави едно минато, но не ми ја откри тајната. Ги прашав таксистите, а тие не знаеја за таква улица. Ги прашав професорите, ама и тие не ја знаеја таа лекција.

Постои ли лабораторија каде се произведува таков лек за душевна болка, за неверство, за скршено срце, та да земеш една таблета и сè да помине, ништо да не боли, буквално како да не се случило. Бидејќи, ох, проклето боли. Разочарување, скршено срце, искористена и фрлена љубов на сите страни, а никаде лек за барем да боли помалку.

Попусто беше пешачењето по шумите, морињата, планините и цветните градини. На крајот во таа безизлезност, ја прашав болката зошто нема лек за неа, а таа подло се насмевна. Ми рече дека мора прво да нè  научи на нешто. Ми рече дека таа нема моќ над нас, ако ние тоа не го дозволиме.

Сфатив. Во човековото срце и душа, во порите на љубовта и надежта е лекот за болката. Во човековата волја и издржливост. Лекот не е во цветните градини, ниту во морињата, ниту зад планините. Не е во заборавот, не е во времето. Лекот е во самите нас, во  нашите мозочни ќелии и желбата за нејзино надминување.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.