Есента во нас

Во некои есенски денови гледам носталгија без крај. Како луѓето да се на работ на плачот. Очи во очи со магијата на животот, тие како да ќе прснат во лутина и бес. Целиот град во есен станува толку тажен и истовремено толку магичен на некој свој начин.

Секој од нас во себе носи една есен, знаете ли? Една здодевна, тажна, срцепарателна есен. Есен која внесува магија и уште толку носталија во срцата. Сите ние како лисјата паѓаме во оваа наша есен и некако се трудиме да се издигнеме. Како облаците од ова годишно време да навлегле и во нашите души и го загушуваат секое убаво расположение. Си помислувам, зошто мора да ја има оваа болна есен во нас? Зошто мора да плачеме, да паѓаме, да губиме, да бидеме разочарани и повредени?

Ох секако. Животот многу се лути на вакви прашања. Без есен нема пролет.  Мора да ја преживееме есента за потоа во срцата да се свие пролетта. Мораме, за да засвети сонцето на љубовта, да дувнат ветровите на страста и да ги одвеат овие тажни чувства. Мораме со многу ентузијазам да се впуштиме во бурата зошто само преку неа можеме да стигнеме до едно мсто каде нема молскавици на болка, нема ветрови на разочарување, нема магли на спомени. Ти посакувам да бидеш  како кокиче и да се избориш со снегот.  Само треба да ги издржиш минусните темпреатури. Процветај поубаво од било кога. Стани предвесник на пролетта и шепни му на тоа студенило дека не е посилно од жарот за борба што го носиш во срцето.

Само запомни дека понекогаш си на дното, понекогаш на врвот. Некогаш си среќен, некогаш тажен. Некогаш плачеш, после тоа се смееш. Некогаш е добар овој живот, некогаш нанесува пеколно болни рани. Но една работа останува непроменета. Никогаш да нема предавство. Никогаш да не се предаваш. Можеш да паднеш сто пати, но немој да се предадеш. Пробувај, пробувај,пробувај, и ќе успееш.

Ќе дојде пролетта и ќе излезе оваа есен од нас. Ти ќе победиш и нема да се предадеш. Ќе го прегрнеш животот и ќе се заблагодариш за есента во тебе, бидејќи без болката, немаше да успееш.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.