Остани сама – А. Михајловска

Еј ти!

Изгубена во сопствените мисли,
да ти!

Вечен сонувачу

разбуди се, освести се!

Гледаш ли дека со себе

вовлекуваш и други во твојот чуден свет.

Не вовлекувај ги во твојот

безнадежен живот.

Најдобро остани сама!

Не расипувај го туѓиот

веќе одамна осмислен живот,

изграден како од убави

шарени лего коцки.

Дел по дел како што е

дадено на сликата.

Твоите коцки

се расфрлани насекаде,

не обидувај се да ги собереш.

Не обидувај се ниту

да ги украдеш од другите,

тие не се твои.

Не се вклопуваат

во твојот мозаик.

Зарем не забележуваш,

ти не градиш по слика,

градиш по она

што го чувствуваш.

Залудно е сѐ.

Не внесувај ја твојата немирност

во туѓите спокојни животи.

Не барај се себеси повеќе

во останата толпа,

биди своја толпа,

биди маса народ

со целата таа енергија што ја имаш.

Не  расипувај ги другите луѓе,

човечињата слични

едни на други.

Остани сама

не мешај се во нивните одлуки,

не им треба твојата помош тие веќе знаат сѐ.

Не терај ги на ништо.

Доколку не сакаат да танцуваат

на дождот,

тогаш танцувај сама,

танцувај за двајца.

Ќе се смеат,

но не објаснувај,

подобро  речи: дојди почувствувај!

Тоа што го  чувствувам

не може да се објасни.

Затоа остани сама,

не расипувај ги

перфектно изградените коцки,

остави ги нивните слики целосни

не пробувај да ги растуриш.

Можеби си гневна,

посакуваш и твојта слика да е цела.

Она што не го знаеш

е дека малку се сликите како тебе,

таквите  се направени

за да не бидат цели .

Затоа се створени да бараат

и трагаат целиот живот нешто друго,

нешто трето,

различен дел.

Тие се тука за да постојат оние целосните,

да им даваат мотив и волја за живот.

Знам дека твојата

душа не свикнала да

биде осамена,

копнееш по туѓите убави души,

магични зборови,

сакаш да ги чуеш туѓите желби и страсти…..

но, тие тебе не можат да те чујат,

ја слушаат само

надворешноста,

меѓу вас нема сличности,

нема взаемност.

Престани да трагаш

по невозможното,

заборави сѐ,

навикни се  да останеш сама.

Автор: А. Михајловска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.