Требаше ли да „стресе“ за да сфатиме колку ни е драгоцен животот?

На следниот линк пишував за „Земјотресот што буди“, а синоќа некои четири часа после полноќ Земјата повторно се тресеше и речиси ги разбуди сите, освен оние што имале цврст сон. Мене лично при земјотрес ме фаќа паника и не знам што треба да правам зошто се чувствувам затечена и исплашена и најчесто останувам на местото каде што сум. Ова не се случува често туку изенадно и кога најмалку го очекуваме, така што ниту една статија, колумна или па и обичен статус не е залудно напишан. Треба да се обрне внимание бидејќи е баш ретка појава, а на секој човек му влева страв (кој патем е природен) и никој не останува имун дури ни после најмал потрес. Синоќа после убавото земјотресење проследено со лулање на креветот бидејќи бев премногу возбудена да спијам решив да пребарувам на Гугл. Меѓу другите информации што ги прочитав за десетте најголеми земјотреси во светот (со жртви и урнувања) барав и кои се најдобрите начини да се „заштитиме“ во вакви случаеви. Не се препорачува криење под маса или кревет туку да се застане покрај нив, никако криење под врата бидејќи било само огромен мит дека таму сме најбезбедни, никако бегање по скали и воопшто движење бидејќи во случај на рушење скалите се првите што се урнуваат, а и не можете да знаете во движењето што ќе ве погоди. Исто така не се препорачува скокање преку прозор колку и да е низок бидејќи стаклото при потресот може да се скрши, а вие сериозно да се повредите во обид да го прескокнете. Изгледа не е ниту опција бегање надвор на отворено бидејќи не знаеме точно колку време имаме на располагање доколку има следен потрес. Заклучокот и советите што ги прочитав беа дека најдобро е да останеме каде што сме во свиткана положба со рацете на главата и вратот, покрај некој објект што ќе нѐ заштити, а нема директно да падне врз нас. Затоа не се препорачува засолнување покрај голем плакар, стаклени полици и било што коешто содржи тешки предмети што можат да нѐ повредат. Беше препорачано доколку имате можност да стоите покрај надворешните ѕидови, како и во просторија која нема воопшто прозори доколку имате таква во вашиот дом. Во синоќешниот случај речиси сите бевме во нашите кревети кога Земјата реши да се тресе, и во тие случаеви се препорачува или да останаете во кревет покриени со перница на глава и некое подебело ќебе или да се излизгате покрај креветот и во свиткната положба со рацете на глава и врат. Ова е сѐ што успеав да запомнам од синоќешното пребарување и се надевам дека некому ќе му биде од помош, но да се надеваме дека ова нема да се повтори. Сочувство до жртвите во Албанија и нивните семејства, и сите оние кои останале без покрив над глава и претрпеле некакви штети!
Жално е тоа што ваквите елементарни непогоди со себе мора да однесат некоја жртва, а нас ни останува за момент да запреме и повторно да се потсетиме колку е моќна природата! Зарем мораше да стресе за да си потврдиме или да се потсетиме колку ни е драгоцен сопствениот, но и животот на најдрагите? Требаше да нѐ разбуди од сон за ефектот да биде посилен, а што правиме со тие што и будни спијат? Не чекајте да се случи нешто слично за да почнете да го цените својот живот! Овие моменти ги испраќа универзумот како еден поздрав преку Земјата во вид на порака која вели дека „никогаш не е касно да се разбудите и да си го сакате животот што го живеете“. Овие моменти се добредојдени единствено за да нѐ потсетат колку сме ние мали спрема мајката природа и дека секој миг што го имаме на нејзиното тло е драгоцен. И да, не смееме да го земеме здраво за готово. И да, убаво е кога знаеме да се пошегуваме во врска со ова, секако дека малку хумор нема да штети никому сѐ додека хуморот не прерасне во говор на омраза или нешто слично. Синоќешниот „настан“ не беше само будење од сон, беше ГЛОБАЛНО БУДЕЊЕ (во земјите што го почувствуваа) дека е време да се посветиме за грижата на нашата планета или барем да почнеме поинаку да гледаме на нештата околу нас и она што го нарекуваме дом. Оти светот може многу лесно да престане да постои доколку природата го посака тоа, без да биде вмешана човечка сила, но човечкиот фактор ја игра главната улога, секогаш. Ние луѓето како дел од светот, т.е. како светот самите си го правиме рај или пекол престојот на ова „подвижно“ тло.
Нека има помалку вакви будења како синоќешното, но сите да се разбудиме во поглед на себеси, свеста и совеста што ја имаме.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.