Човек си или не, трето не постои – Ертинез Реџеп

Исти сме. Не нè прави различни бојата на очите, бујната брада или коса. Не нè прави различни бојата на кожата.. Ако место срце во тебе постои само мраз во облик нa срце, тогаш не сме исти. 
Што фајде ако фрлаш погледи од зад прозорот на тој скап автомобил, затоа што еден ден нема да има ни прозори ни тркала ковчегот во кој ќе спиеш. Вечно ќе спиеш! И ти и јас.. и сите ние. Нема да ти бидат послани парите што ти стојат во сеф, тие ќе припаѓаат на друг, на некој кој ќе го лажат погледите длабоки кон овие лажни битија.. Што фајде? Затоа што и без мене и без тебе сонцето ќе изгрее, затоа што на крајот ќе бидеме само една гробна плоча. Краватата што до вчера си ја носел, утре ќе стега некој друг за врат, сè додека не го одвлечка до местото каде што припаѓа. Ќе прашаш, каде припаѓаме?!Во земја. Затоа што од земја сме создадени, мора да ги пополниме шуплините во земјата. Немаме многу време, сега времето нè има нас..додека не ги затвориме очите, отчукува часовникот. Не сме ни свесни дека она што ни е најблиску е всушност смртта. 

Пред краватата да те одвлечка, пред автомобилот да те одведе со таа улава брзина..разбуди се. Ти не си кравата, и не си таа зградата што си ја изградил повисока од планините. Ти не си името што го носиш по кое сите те фалат дека си паметен и мудар господин. 

Ти си ти, ти си она што го носиш во себе, ти си оној што стоиш без маска само кога се гледаш во огледало, ти си лагата што ја зборуваш. Заврти го светлото нека засвети во темниот ќош, покажи колку луѓе има таму кои крварат од твоите повреди. Покажи дека зад парите, зградите и краватата постои нечовек со вгнезден мраз во облик на срце. Покажи по што се разликуваме. 

Автор: Ертинез Реџеп

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.