Во овој момент во коj живееш, не е доцна за ништо

Ноќ е, си велам. Гледам во ѕвездите и се восхитувам на нивната светлина. На нивната моќ да всадат копнеж во моето срце и да ме вратат години назад. Ноќта е време за минатото. Преку нејзината темнина таа пред моите очи гордо ги распослува сите оние работи што сончевата светлина во текот на ги топи со нејзината моќ и прави да заборавам на истите. И тогаш, во таа глува доба, мислам дека некогаш во животот е навистина предоцна.

 Да, некогаш во животот е многу доцна за сè. Доцна е да вратите некој што сте го загубиле на некои непознати патишта. Доцна е да направите нешто што сте одбиле претходно. Доцна е да се извините после болката што сте му ја предизвикале на некој друг и сте оставиле една неизбришлива трага таму. Доцна е да го вратите кажаниот збор и да ја зграбите веќе испуштената прилика. Доцна е да се вратите кај некој што сте го напуштиле без да размислите. Доцна е да пуштите некој што го сакате многу да си замине, а сте ја дале душата за него. Доцна е да промените нешто во минатото.

Потоа ги гледам првите зраци на сонцето. Гледам колку невино се прикрадува на небото и го најавува почетокот на новиот ден. Во секоја пора на утрото става по капка надеж и се насмевнува на оние што останале будни до зори. Тогаш сфаќам дека понекогаш во животот навистина, сè уште, не е доцна за сè.

 Никогаш не е доцна за да креираш нови можности во иднината. Не е доцна за да засакаш некој нов. Не е доцна да почнеш од денеска да ги остваруваш твоите соништа. Не е доцна на некој да му изјавиш љубов, да прегрнеш некого, да кажеш те сакам и извини. Не е доцна да се помолиш за грешките да ти бидат простени, не е доцна за сè што ви приредува иднината. Никогаш не е доцна за нови идеи и надежи.

Но, ох боже. Току ми е жал што некои од нас живеат во минатото. Толку ми е жал што сме заглавени во тие времиња што поминале, па мислиме дека е предоцна за сè. Жал ми е што живееме во ноќите и им се восхитуваме на ѕвездите толку долго време. Но знам, има светлина на крајот од тунелот.

Ова е толкав контрат помеѓу нештата. Борба меѓу ноќта и денот. Помеѓу минатото и иднината. Меѓу тоа дека некогаш е доцна за сè и тоа дека не е доцна за ништо. Сами бираме. Сами бираме каде ќе живееме. А запомнете дека имаме само еден живот. Мудро да ја избереме иднината и да ги оставиме спомените во ноќта заедно со ѕвездите. Кога ќе сакаме да се одмориме од сè, тие ќе нè пречекаат. Бидејќи во животот, во овој момент во којшто живееш, не е доцна за ништо.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.