Ѕвонот на заминувањето

Видов колку таа болка беше упорна. Застанала на бината, го земала тоа остро стапче и полека диригира како очајот, тагата, меланхолијата и загубеноста да ѝ го боцкаат срцето додека да не прокрвари. Болката сакаше да ѝ ја зацрни душата. Да ја земе во своите канџи и целосно да ја преобрази. Но, не доаѓаше такво нешто во предвид.

,,Таа никогаш не се предава”, реков кога одеднаш видов како таа девојка полека чекореше кон еден нов живот. Си мислам, беше во оние загушливи соби, зарем сега да се предаде? Тоа е невозможно. Зарем да потклекне на тие остри и болни бодежи? 

Слушнав некој гласен крик додека таа навидум мирно чекореше. Тогаш знаев дека нејзината душа распука по којзнае кој пат. Во тој кобен час, во срцето на таа дама нешто потона и засекогаш остана во длабочините на нејзините шаренолики емоции. Знам, тој ден што закопа во градината на нејзината душа. Таму некаде длабоко под чувствата, таа ја закопа својата љубов која долго време ја даваше, а не беше вреднувана ниту малку. Тој ден, закопа едно име кај неа во градите и го покри со тешки спомени. Ги полеа со малку солзи и погледна кон небото. Јас, твојата сенка знам сè. Знам и колку те болеше тоа што мораше да заминеш. Но не верував дека туку така ќе исчезнеш од местата каде што сите тие години посадуваше живот и среќа. Не знаев дека еден ден тие цветни градини во твојата душа ќе овенат. Не знаев дека после него, ти ќе можеш да ги исечеш корените на таа љубов, и надежно да посадиш ново семе. Ме изненади, воопшто не го очекував твоето заминување.

Ах, шепотот на таа дама успеа да ги задуши викотниците на сите останати.

Ах, шепотот на таа дама  успеа да ги задуши викотниците на целиот свет. Но тој ден, на сечие изненадување, таа одеднаш замолкна. Ја собра целата љубов во куферите, ги извади штитниците, го спушти оклопот и дозволи светот да ја види како ранлива. За таква тишина дури ни љубовта немаше слушнато. За таква љубов зашиена со болка, светот беше неписмен, а луѓето премногу затворени за да ја сфатат.

А  реков дека ќе ја уништи, но не ме послуша.

,,Еј каде исчезна ти?” реков и паднав ранета на земјата, јас твојата сенка, додека безнадежно те гледав како чекориш. Твојата става се губеше пред моите очи, а позади себе како да оставаше капки крв, поради болката што ја чувствуваше во срцето. Таа прекрасна долгокоса дама, со светли очи кои везеа приказни, си замина. Конечно реши да ги остави сите болки зад себе. Не можев да ја спречам. Само знам дека каде и да замина, замина со празно срце и празна душа. Замина само со остатоците од спомените и сеќавањето на една љубов. Замина со мирисот на едно време.

Не, не се предаде. Таа само замина за да изврши рехабилитација на нејзината душа. Не, не се предаде. Таа замина поради тоа што не беше вреднувана. Не се предаде, само го пронајде својот мир и една неочекувана љубов и замина во тие прегратки каде можеби сонцето ќе грее засекогаш во нејзина чест.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.