Современата македонска литература ќе биде дел од Саемот на книга во Франкфурт

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година.
На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 квадратни метри ќе бидат претставени 400 наслови од стотина македонски автори, објавени од 20 наши издавачки куќи. Посетителите ќе може да ја погледнат богатата понуда на книги за деца, стручна литература, едукативни изданија и белетристика на македонски, албански, англиски и на германски јазик.
Претставувањето на македонската делегација на најпрестижниот светски книжевен настан годинава е во знакот на промоција на нашата современа книжевност, бизнис-средби и соработки со странските партнери и промоција на нашата земја како современа културна и книжевна средина.

Првиот саемски ден ќе биде посветен на македонската литература за деца и за млади, со фокус на книгата за деца „Девојче и мече“ од Ване Костуранов (издание на „Арс Ламина – публикации“), која влезе во престижната листа The White Ravens 2019.
В четврток (17 октомври) ќе се одржи т.н. „македонскиот ден“, кога штандот ќе го посети министерот за култура д-р Хусни Исмаили. Министерот, заедно со македонската делегација и претставници на МАИ, ќе оствари средба со заменик-претседателот на саемот и директор за меѓународна соработка Тобијас Вос, на која ќе се разговара за идните планови и соработка.
Истиот ден специјален гостин на штандот ќе биде и луксембуршкиот автор Жан Бак, добитник на Европската награда за литература во 2010 година, чијашто книга „Аматер“ на македонски јазик е објавена во едицијата „Прошетка низ Европа“ од „Арс Ламина – публикации“.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.