Денес е светски ден на менталното здравје

Нема подобро чувство од добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Кога умот и телото се во совршена хармонија тогаш среќата е неизбежна, а блескавиот изглед и задоволното лице перфектно ја репрезентираат истата. За жал сите од нас барем еднаш во животот сме се бореле да го „вратиме“ своето здравје какво што било или потребно било да го подобриме бидејќи се нарушило. Што е здравје, а што болест? Ако болеста е отсуство на здравје, а здравјето отсуство на болест тогаш потребата да се биде со добро здравје и без присуство на болест е најпосакувана. Здравјето треба на сите да ни биде најважен сегмент по кој ќе го мериме квалитетот на сопствениот живот. Колку е подобро здравјето толку поквалитетно би требало да биде и самото живеење. А, колку е поквалитетен животот толку е поголемо задоволството од него. За мерење на задоволството од квалитетот на животот постојат специјално креирани скали и мерни инструменти со кои се занимаваат психолозите. Како што вели и самиот наслов, денес 10-ти Октомври е денот кога се одбележува светскиот ден на менталното здравје. Ние не само денес туку и во сите останати 364 денови треба да водиме грижа за менталното здравје бидејќи тоа е подеднакво важно како и физичкото здравје. Нека менталното здравје биде приоритет во секојдневието, а потоа и телесното. Знаеме колку е важно човекот да се ослободува од стресот што го носи брзиот начин на живот, па затоа постојат многу начини и техники за релаксирање и опуштање. Како што еден обичен дијабетичар се бори против високото присуство на шеќер во крвта, исто така и оние кои патат од депресија, анксиозност или други ментални нарушувања треба да се изборат со својата состојба, иако за лекување потребни се различни пристапи. Менталните нарушувања не смее да се прифаќаат и „лепат“ како „етикети“ бидејќи тие не ги дефинираат луѓето што патат од нив. Долго време во научните кругови се воделе различни дебати за менталните нарушувања, за нивните симптоми и поделби, но јас би рекла дека тие се само еден вид на поинаква душевна состојба, а не болест!. Бидејќи она што се случува во мозокот, перцепциите, когницијата, размислувањето, помнењето, па и аудитивните, визуелните и тактилните халуцинации не можат да бидат измерени ниту да се согледаат визуелно кога некој ги доживува (освен нивните репрезентации, но сепак не можат да се докажат), за мене најприфатливо е сите „нарушувања“ или „растројства“ да не се карактеризраат како ментални болести туку да се наречат „видоизмената душевна/ментална состојба“ која не е во границите на нормалата. Сега се поставува прашањето, што е нормално, а што не? Постојат многу појдовни основи за продолжување на дебатата, но во контекст на времето, ќе ја завршам мислата, за да ви посакам добро ментално здравје и уште подобар живот. Грижете се за себе на сите можни начини, грижете се за вашето тело и за вашиот ум! Бидејќи телото и умот се единствениот ваш постојан дом кој го носите насекаде со вас. И тие се поврзани на секаков начин. Нека домот ви биде топол, хармоничен, исполнет со среќни моменти и задоволувачки мигови, и нека го извади најдоброто од вас! Чувствувајте се убаво во своја кожа каде и да одите, и запомнете: вие сте господар на вашиот ум, вие ја имате контролата над вашиот живот и она што ви се случува, и единствено вие сте одговорни за грижата за „домот“. Направете тој да биде најпријатен за престој. Среќен ден на менталното здравје!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.