Крвта не е вода

Гледам како некои луѓе ги разделуваат од нивните сакани или од она што го сакаат без да прашаат за нивна дозвола. Гледам како на сите им се побитни материјалните работи од љубовта и чистите човекови чувства. Гледам и се чудам како е можно некој да се однесува така со нешто толку свето, со нечии чувства. Навистина не ми е јасно. Не знаат каква болка ќе предизвикаат, не знаат ниту пак сакаат да размислуваат за бурата што ја предизвикуваат во нечие срце, со нивните лекомислени постапки полни со егоизам. Гласот на поединецот се става во последен план. Одекнуваат фразите од типот: ,,Те молам, тоа се само чувства, тоа е моментално. Не драматизирај. Тој/таа ќе го надмине тоа”. НЕ! Тоа нема да се надмине толку лесно. Тоа што вие не го гледате, таа болка, кај некој остава длабоко трага. Некој со месеци, години а можеби и целиот свој живот пати по нешто за кое вие не знаете. Можете ли од физичкиот изглед на некој човек да видите какви битки тој води длабоко во себе? Луѓе, крвта не е вода. Емоциите и чувствата не се предмети за продажба. Болката не се брише така одеднаш со некое магично марамче. Срцето и душата не се играчки па да си играме со нив како сакаме и да правиме од нив што сакаме. Соништата на луѓето не се предмет на потсмев, не се нешто ,,лудо”. Тие се нечиј патоказ, тие се нечија мотивација за живот, тие се за некого сè. Трудот на луѓето не е за фрлање во вода, не е за критикување, туку е за пофалба колку и да е мал или невидлив, се вложило време, срце и душа. Кои сте вие да разделувате срца, да обесхрабрувате и да велите дека брзо ќе помине?

Гледам како луѓето земаат големи ножици наречени гордост и ,,сеедно” и одеднаш од корен ја сечат љубовта во нивните души. Забораваат дека цвеќето не може да преживее без светлина, без вода. Па венее. Толку сме ние луѓето лекомислени понекогаш. Наместо да уживаме во убавината на љубовта, наместо да ја одгледуваме, ја кинеме за да можеме само краткотрајно да поуживаме, без да мислиме дека за брзо ќе овене, дека трњата ќе останат засекогаш во срцата.

Гледам луѓе скршени од болка. Гледам како тие скромно се разделуваат едни од дури без да го кажат и последното збогум. Како само тие повеќе се плашат од тоа да кажат едно ,,Те молам остани, не заминувај, се плашам”, отколу ,,Замини си. Збогум”. Навистина не го разбирам тој човечки закон. Шетам по улицата и се обидувам да гледам длабоко во душите на луѓето. Ох, таа душа е еден голем ореол на тајни. Се прашувам што ли се ќе се најде во тој океан на спомени доколку почнеме да пливаме во него. Се прашувам колку солзи ќе се исплачат, колку црнило ќе излезе, колку болка ќе протече.

Од моето анализирање доаѓам до заклучок дека дефинитвно треба да посадиме семе на љубов во секој аспект на животниот пат. Кога веќе не успеале минатите сеидби, нека успее оваа. Да не ја кинеме розата на љубовта, да не бидеме татарите кои ќе разделат две души, да не бидеме погазувачи на нечии соништа, туку да му направиме трансплантација на срце на овој наш свет и да го излечиме од омразата и злобата. Да се стремиме кон подобро утре и едно топло изгрејсонце кое ќе го покрие светот со нова надеж.

Автор: Викторија Саздовска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.