Нијанси живот – Елена Ангелеска

Само кога во најтемната нијанса од
синото небо ти успеваш да ја здогледаш најсветлата ѕвезда,
Само кога ја забележуваш онаа прочуена црна дамка во нечиј живот,
Само кога сфаќаш дека угорнините понекогаш се дури и послатки  и дека после нивното искачување една воздишка те води кон посакуваната удолнина,
Само кога полека учиш да бараш “влакно во јајцето”,
Само кога ја пронаоѓаш раската во туѓото око,
Само кога сфаќаш дека розовата боја од твоето детство може понекогаш да прерасне во онаа сивата, црната,
Само кога сфаќаш дека уште многу автобуси, авиони и бродови ќе пропушташ и ќе треба да чекаш да дојдат нови,
Само кога побројни ти се непреспиените ноќи,
Само кога разговорот со повозрасните е твое задоволство и твоја добро позната лекција,
Само кога запираш на тажните стихови од песните, осамените, длабоки и тажни пасуси по романите,
Само кога мислиш на падовите и реалните проблеми,
Само кога обрнуваш внимание со зборовите ,,Ех, за ова кога велеше тато…” на сè она што си негирал,
Само кога успеваш да ја вратиш и последната капка од чашата што прелева,
Не се плаши што патот те носи да газиш по овие нешта,
тогаш си веќе свој,
тогаш дури вистински
СИ ПОРАСНАЛ !

Автор: Елена Ангелеска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.