Што се случува?

Зависи кого ќе прашаш и за што ќе го прашаш. Во моментов се случуваат многу работи, а пред нив исто така се случиле еден куп. И што е тоа што се случува? Многу дискутабилно прашање, мора да признаеме. Додека размислував на која тема ќе пишувам после кратката пауза, на памет ми паднаа многу идеи, и решив да пишувам колку е можно поопшто со цел да опфатам повеќе теми одеднаш. Се надевам нема да испадне каша-попара. Ако ти го задржав вниманието до овде – супер. Додека да трепнеш помина летото, Јуни, Јули и Август покрај тоа што се најтоплите месеци во годината, тие ни поминуваат најбрзо. Нема некој што не би се согласил со ова. Ете ја првата недела од септември и веќе есента доаѓа на врата. Годишните одмори речиси и да завршија, училиштата почнаа со работа. Што се случуваше летото покрај многуте журки, прослави, свадби, мориња, езера, плажи, сончање? Се случуваа доста круцијални нешта на кои ми се чини дека светот не обрна многу внимание. Или барем се правеше дека не обрнува внимание. На пример, фактот дека во изминатиот месец гореа шумите во Амазон, имаше пожари во Канарските острови, Сибир и Алјаска зборува многу и истовремено алармира дека треба поинаку да ги погледнеме овие настани. И во нашата држава имаше мали пожари деновиве, но за среќа брзо се реагирало и немало штетни последици. Но, огромните пожари што ги спомнав претходно, предизвикале голема штета, а тоа на луѓето воопшто не им е од полза. Амазонските прашуми кои уште се нарекуваат и бели дробови на планетата гореа и испуштаа штетни чадови што можат да предизвикаат пак други штетни последици. Тоа зборува за загрозеноста на целата планета, но и за последиците од глобалното затоплување и климатските промени. Како природата самата да сака да каже дека нешто не е во ред, како да сака да ни даде јасни знаци дека – треба да бидеме посовесни граѓани и многу повнимателни. Природата има сопствен механизам на самообновување, но сите пресечени или уништени дрвја нема да можат да никнат сами од себе. А, тие го прочистуваат воздухот и го собираат јаглеродниот диоксид којшто го испуштаме со дишењето. Ова се учи уште во основно, но за жал многумина се однесуваат како да не биле присутни на часовите кога се зборувало за важноста на еко-системот односно за флората и фауната. Ете, се случуваа елементарни непогоди на кои требаше да им се придаде поголемо значење во светот. Се прашувате што друго се случуваше? Настрана од општествените теми, актуелноста на настаните поврзани со рекетирање и останати политичко-правни случувања, се случуваат промени на многу полиња, кај сите луѓе. Животниот циклус си тече, годините минуваат, некои луѓе не се повеќе меѓу нас, за жал, ни останува само да се сеќаваме на нив, но останува да се радуваме на другите коишто ќе бидат дел од нашиот живот и да ги почитуваме тие кои веќе се покрај нас. Нели не е ова многу тешко? Можеби навидум излегува лесно да седнеш и да напишеш нешто, а во пракса истото потешко да го оствариш. Меѓутоа, од некаде мора да се почне! Јас како поединец во моментов не можам да направам огромни промени на глобално ниво, но и те како можам да се променам себеси. Не се џабе толку цитирани и повторувани зборовите од Махатма Ганди кои гласат: „Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот“. И колку и да биде клише повторување на доста познати цитати, сметам дека повторувањето никому нема да му наштети. Подобро да се повторуваат убави мисли, цитати кои некогаш ги кажале умни и мудри луѓе, отколку на пример да се повторуваат неубави и непосакувани сцени и настани. На светот му треба топлина и грижа. Топлината се огледува во потребата од пољубезни луѓе кои ќе си помагаат меѓусебно наместо да си вадат очи. Луѓе што ќе си пружаат рака во неволја наместо да посегнат по камерата. Луѓе што ќе имаат време да се погледнат во четири очи и да разговараат нормално без да гледаат во екраните. Бидејќи сè што се случува се случува некако брзо, динамично и технолошкиот напредок секојдневно е повидлив, треба да научиме да запреме. Да, убаво прочита, да запреме. Да исклучиме паметни телефони и да се потпреме на паметниот „уред“ којшто го имаме во нашите глави, а некогаш ретко го користиме бидејќи неговото место го заземаат популарните смартфони што ни служат за сè. Еднаш реков дека животот не се друштвени мрежи, дека животот не е тоа што го „претставуваме“ таму, туку дека тој е многу повеќе од тоа. Дојде модерно време и модерни луѓе што следат трендови и се следат меѓусебно. Не пречи тоа доколку знаеме паметно да го искористиме. Не пречи што ни се на дофат многу информации и податоци, туку начинот на кој тие можат да бидат пренесени или злоупотребени. Не пречи што во секое време можеш да се чуеш со роднината што се преселила во Австралија, туку фактот што морала да си замине од татковината бидејќи тука не била доволно ценета! Преселбата и потрагата за подобар живот не е ништо ново ниту научна фантастика. Патем, ние сме сме растенија со корени, можеме да се движиме и да одиме каде што ќе посакаме. Еден куп можности, еден куп избори и многу малку време. Под време мислев на животен век, кој за многумина е краток и за жал прерано нè напуштаат. Ако се живее квалитетно доволен е и само еден живот, но барем да биде вреден за прераскажување. Секој се води од сопственото гледиште и од своето лично искуство и доживување, а моето во моментов вели: „Што се случува?“ Да се дојде до она ниво каде што луѓето нема директно да те прашаат како си, туку ќе пробаат преку други да дознаат што ти се случува во животот. Време кога душегрижниците се загрижиле како ти е во животот без притоа да си го гледаат сопствениот. Се случува тоа што многумина ти глумат пријатели, а всушност при првата прилика ќе те напуштат без око да им трепне. Ете тоа се случува, а мене ми е доста од лажни пријателства, врски и случувања. Секогаш велам дека јас сум таква каква што сум и нема да се променам поради никого освен поради себе. Среќа па од тие што ме знаат убаво никој не побарал да се променам зошто тоа би значело дека ниту ме почитува ниту па ме познава доволно. Не сум сигурна колку беше добра идејата да пишувам вака во слободен стил наместо да се држам до една тема, но насловот е премногу општ и не ми дозволува поинаку. Во корист на времето ќе сумирам во една реченица: се случува живот кој тече и не нè чека. Не пуштајте да ви се лизне од рака, не чекајте туку дејствувајте. За да не биде предоцна. Правете го она што мислите дека треба, не се плашете од неуспех. На тој што ви се допаѓа кажете му го тоа во лице, а притоа истото навистина мислете го. На тој што ве повредил слободно кажете му дека не заслужува повеќе да биде дел од вашиот живот. На тој што ве смее кажете му дека ви го разубавува денот. Бидете светлина во нечиј мрак. Бидејќи тоа што се случило веќе се случило, тоа што се случува – се случува, а тоа што треба да се случи, ќе се случи допрва.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.