Познати се правилата за 2-от круг на најголемиот балкански онлајн натпревар за поезија

Првиот круг од најголемиот балкански онлајн натпревар – Мили Дуели веќе заврши, сега следува вториот кој ќе започне за неколку дена. Песните од авторите се веќе испратени и сега се очекува уште официјалниот почеток на вториот круг.

Главна карактеристика на Мили Дуели е секогаш бесплатното пријавување кое се испраќа од удобноста на домот што претставува голема предност со оглед на брзото темпо на живот и застапеноста на социјалните мрежи во него. Ово е единствена прилика да запознаете нови луѓе од светот на поезијата, но и на поезијата како заедничка област да ѝ се подари поголемо значење во однос на останатите денови од годината.

Во вториот круг, од вкупно пет елиминациски кругови од натпреварот авторите ќе се претстават со една песна. Оваа година беа претставени рекордни 370 автори (афирмирани и неафирмирани поети од регионот, дијаспората и странство) што е најголема бројка досега за овој натпревар. Во претходната шеста сезона биле претставени 229 автори, а поради трендот на растење на популарноста на овој натпревар и освојувањето на неколку интернационални и државни признанија за работа на проектот „Мили Дуели“, организаторот одлучил оваа година да го зголеми бројот на учесници за над 30%.

Организација на ВТОРИОТ КРУГ

Вториот круг од Мили Дуели (2019) е составен од вкупно 8 дуели:

  1. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Дања Гашпар Џокич
  2. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Симо Голубович
  3. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Јоже Бренчич
  4. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Здраво Одорчич
  5. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Лела Зјајо
  6. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Енеа Хотич
  7. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Анџела Турукало
  8. ДУЕЛ – Автори чиј ментор е Нермин Делич

Дуелите во кои ќе бидат претставени вкупно 303 поети се сосавени врз основа на гласовите од првиот круг. Менторите во периодот од 31.7 до 5.8.2019-та година им беа на располагање своите автори за евентуални консултации околу изборот на песни и корекции на истите. Консултациите со менторите не се задолжителни. Авторите можат да ја испратат својата песна и без претходна консултација со менторот. Тоа го правеа до 4.8.2019 година кога беше крајниот рок за испраќање на песните.

После тоа, организаторот како и во првиот круг ги распоредува за гласање членовите од жирито.

Официјален датум за почеток на вториот круг е 10.8.2019 истиот датум кога и на социјалните мрежи ќе бидат преставени учесниците!

ГЛАСАЊЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ

Гласање од жирито:
Членовите на интернационалното жири во оваа сезона се: Лела Зјајо, Анџела Турукало, Енеа Хотич, Дања Гашпар Џокич, Симо Голубович, Јоже Бренчич, Здравко Одорчич и Нермин Делич. Се работи за тим од автори составен од организаторот на натпреварот, победници од претходните сезони односно уметници кои со поезијата се занимаваат веќе со децении.

Жирито ќе гласа по следнава шема:

  1. ДУЕЛ – Ментор Дања Гашпар Џокич – Нермин Делич – Анџела Турукало
  2. ДУЕЛ – Ментор Симо Голубович – Нермин Делич – Здравко Одорчич
  3. ДУЕЛ – Ментор Јоже Бренчич – Нермин Делич – Лела Зјајо
  4. ДУЕЛ – Ментор Здравко Одорчич – Нермин Делич – Енеа Хотич
  5. ДУЕЛ – Ментор Лела Зјајо – Нермин Делич – Јоже Бренчич
  6. ДУЕЛ – Енеа Хотич – Нермин Делич – Смо Голубович
  7. ДУЕЛ – Ментор Анџела Турукало – Нермин Делич – Дања Гашпар Џокич
  8. ДУЕЛ – Ментор Нермин Делич – Дања Гашпар Џокич – Анџела Турукало
  • Во секој од 8-те дуели од 2-от круг, во системот каде што им се претставени песмите и правилата за гласање, членовите на жирито на кои им е доделен одреден дуел ќе имаат прилика да гласаат за максимално половина од авторите кои учествуваат во дуелот, а минимално за еден.
  • За авторот директно да премин во 3 круг од натпреварот потребно е за него да гласаат сите 3 членови од жирито на кои им е доделен дуелот (ментор, организатор и уште еден член од жирито).
  • Авторите со освоени 2 гласа ќе имат прилика да поминат понатаму во зависност од одлуката на менторот дали ќе сака да ја продолжи соработката со авторот. Исто така, менторите ќе имаат одредени квоти, па само одредени број на такви автори ќе можат да пуштат во следниот круг кој ќе има фиксен број на учесници.
  • Авторите со еден или нидени освоен глас директно го напуштаат натпреварот.

ГЛАСАЊЕ НА ЧИТАТЕЛИТЕ

  • Како и во секоја сезона досега, и сега Мили Дуели ќе им даде прилика на своите следбеници да учествуваат во избирање на учесници за 3-от круг.
  • Сите автори – учесници од 2-от круг ќе бидат претставени на фејсбук социјалната мрежа (официјалниот профил на Мили Дуели) под одреден реден број каде што читателите ќе можат да гласаат за песните што им се допаѓаат.
  • Пет автори со најголем број на коментари под тој реден број на сликите (во чиј опис ќе бидат претставени околу 10 автори од иста земја на приближна возраст), а кои не ги задоволиле критериумите на жирито (немаат 3 гласови од жирито и менорот не ги одбрал за продолжување на соработката) ќе се изборат за поминување во 3-от круг!
  • Секој автор кој ќе помине на тој начин ќе добие друг ментор што ќе има задача да му помогне при подобар избор на песни за 3-от круг.
  • Она што е важно е да се напомене дека ќе се бројат коментарите исклучиво на оние читатели што се пријатели или следбеници на официјалниот профил кој може да се види овде.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.