Мечтаењето како одбранбен механизам – Ивана Балтовска

Судир на желби, интереси и потреби. Неможност истите да се остварат. Ниту наеднаш, ниту постепено. Огромен расчекор помеѓу средствата кои стојат на располагање и нашите, таму некаде недостижни желби. И, кој е крајниот производ? Фрустрацијата.

Одбранбениот механизам, кој постојано, можеби и несвесно се бори со нашите фрустрации опфаќа широк спектар на начини кои, на овој или на оној начин се справуваат со непријателот. Репресија – потиснување на своите чувства, компензација – замена на целите со нови, идентификација -изедначување со другите….. Не. Ниеден од овие не е доволно добар. Ниеден од овие механизми не успева да ја подобри нашата психичка состојба. Освен еден. Мечтаењето. Копирањето на сите наши желби, во една друга реалност. Реалност што не постои во очите на другите, но постои во нашите. Поточно, во нашиот ум. Апсолутна реализација на сè она што никогаш нема да биде во реалноста. Но, зарем е тоа важно? Зарем е важна општествената реакција, доколку твојот механизам функционира совршено? Иако многумина ќе кажат дека истото се наоѓа на границата на лудилото. Но, која е таа граница? Кој ја тргнува линијата помеѓу нормалното и ненормалното? Тоа е неважно доколку ти си среќен. Доколку наместо сивило, околу тебе владее зелената боја – боја којашто ги одмора очите и предизвикува мир и спокој. Крајната цел на секој човек е да биде среќен. Зошто да не биде, кога постои шанса? Умот е создаден токму за тоа- да биде креативен и иновативен, постојано наоѓајќи различни решенија од разновидни ситуации. Излез од местата каде што не постои излез. Создавајќи врата за бегство од затворот. И тогаш, целта ќе биде постигната.

Одбери го оној начин, кој истовремено нема да те повреди ни тебе, ни другите. Сосема регуларно, нели? Мечтаењето има чудесна моќ – овозможува насликување на светот кој го сакаш во твојот ум, истовремено не нанесувајќи ѝ ни минимална штета на сегашната реалност. Користејќи ги токму оние бои, кои никогаш не се наоѓале на палетата со бои во твоите раце.

Автор: Ивана Балтовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.