Човекот никогаш не се сопнува од карпи, туку од мали камчиња

Замислете дека се движите по прав пат кој нема никакви знаци, а вие треба да стигнете каде што сте тргнале. Пешачите веќе половина час, мислите ви лутаат кон широките пространства, па ви се појавуваат мисли што биле скриени длабоко во одаите на вашиот мозок, а вие веќе не го гледате патот. Одеднаш вашата нога се сопнува на мало камче додека вие гледавте некаде во далечните точки што се простираа пред вас. Главата ви беше дигната горе, а камчето мирно лежеше на земјата сè додека вие не му го нарушивте мирот. Тогаш ви станува јасно дека следен пат ќе мора да погледнете надолу за повторно да не се случи сопнување бидејќи може да се повредите. Сфаќате дека ако продолжите така со секој камен што ќе се појави пред вас никогаш нема навреме да стигнете кај што сте тргнале. Оваа илустрација замислете ја преку пример со вашиот живот и проблемите во него. Ако животот го претставува патот, а малите камчиња многубројните проблеми, очигледно е дека треба да им се погледне на проблемите во очи. Тие во никој случај не смеат да се избегнуваат или заобиколуваат бидејќи колку стануваат поголеми толку потешки ќе бидат за решавање. Ако на патот се насобрани безброј камчиња што ви го попречуваат вие нема да можете да поминете преку нив додека не ги отстраните. Истото се случува и со проблемите – мора да ги решавате еден по еден како би можеле да продолжите понатаму. Со карпите е поинаку, тие се повидливи и тешко дека би можеле да нè сопнат, но доколку ги погледнеме поубаво можат да ни пренесат силна порака. Велат дека треба да се биде силен како карпа, а таа потсетува на неуништливост додека каменот во споредба со неа е како мал атом во некој хемиски елемент. Ние луѓето сме доказ дека човекот на моменти може да биде посилен и од камен, а појак и од карпа. Затоа, иако знаеме да бидеме кршливи како стакло сепак треба да газиме цврсто по земјата од време на време погледнувајќи надолу за чисто да бидеме сигурни дека не сме во облаци.
Бидејќи кога треба високо да летаме, тоа нека биде само кога се возиме во авион.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.