Еуфизам или лага? – Ивана Балтовска

Изговор – зачинет со малку лага, уште неколку зборови кои се потребни за да го замачкаат прозорецот пред да се тргне завесата и тоа е тоа. Целта е постигната, во домот нема светлина. Затоа што ги спушти ролетните, сакајќи да живееш во темнината, велејќи наоколу дека е мрак. Да, мрак, кој е вештачки предизвикан, од твојата неспособност да го гледаш сонцето со голи очи.

Еуфемизам-способност да се прикрие вистинското значење на одреден збор, со намера истиот да звучи понежно. А сепак, внатрешно во себе знаеме дека тоа не е така. Често ги користиме еуфемизмите кога сакаме да се залажеме себеси, иако длабоко во себе ја знаеме вистината. Никогаш нема да кажеме „лаже”, секогаш ќе кажеме „не ја зборува вистината”.
Потоа, некој ќе каже – „не ги оправдувај”. Не, не ги оправдуваме. Сакаме да се утешиме себеси, да се натераме да се чувствуваме добро или исто како претходно, не сакајќи да излеземе од тој маѓепсан круг.  Но, дали навистина веруваме во тоа што го зборуваме? Можеби имаме тенденции да станеме митомани, односно самите да веруваме во лагата што си ја кажуваме себеси? Затоа што најтешко е да се излажеш себеси.
Лесно е да ги прелажеш другите, но себеси? Доколку успееме во тоа, навистина сме генијалци. Да станеме митомани, навлегувајќи во еден свет во кој секоја сламка за која ќе сакаме да се задржиме при падот од дрвото, во нашиот ум ќе претставува цврста гранка.
Затоа што сакаме тоа да биде, цврста подлога за која сакаме да се задржиме.    
Оние од кои треба секогаш да се браниме, постојано однесувајќи се дефензивно, сме самите ние.  Од сопствените лаги или креативното модифицирање на вистината, постојано додавајќи и одземајќи некои делови. Конфабулација. Само за да не го признаеме она што ни е пред очи и е очигледно за сите, освен за нас.

Автор: Ивана Балтовска


One comment

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.