Сè се може кога се сака

Сите ние имаме исто време на располагање во текот на еден ден. Но, сепак различно го „трошиме“.  Моментално е 20 часот и 8 минути, а јас себеси се предизвикав во точно 10 минути да напишам кратка колумна која ќе има силна порака. Бидејќи времето што го имам на располагање некогаш и не ми е доволно во текот на еден ден, па мора да се наоѓаат алтернативи и начини како тоа најправилно да се искористи.

Воведот го напишав за точно една минута. Сакам себеси да се предизвикувам, тоа сум го правела со години наназад, на различни начини. Во теков на изминативе десетина година едно нешто што со сигурност можам да ја потврдам неговата вистинитост е тоа што времето е скапоцено – и не може да се врати назад. Кога размислував што би можела да кажам кога сум ограничена само на десет минути, не знаев точно во која насока ќе го пишувам текстов.

Како и да е, ми остануваат уште 6 минути, сфаќам дека ако знаеш што сакаш да излезе од тебе – десет минути можат да бидат сосема доволни. Впрочем, најубавите говори кои луѓето ги кажувале не траеле повеќе од толку минути. Интересно е што кога сами си наметнуваме ограничувања за одредени работи, а исполнувањето на предизвиците нè прави горди, нивното неисполнување може да направи да се чувствуваме мизерно и незадоволни од себе.

Уште точно три минути, ми се чини дека мозокот ми работи триста на час, а прстите се натпреваруваат на копчињата од тастатурава со цел да го победат умот, затоа што тој е многу побрз од нив. Кога би пишувале со брзината на нашето размислување, во три дена би напишале цели романи. Барем во мојот случај е така.

Уште точно една минута ми остана, би сакала да се вратам на насловот на текстов. И да, сè се може кога се сака, никогаш не е доцна за ништо. Ниту за нов почеток, ниту за почнување за нешто ново. Не смеете да се ограничувате себеси, впрочем не сме растенија и немаме корени, флексибилни сме и можеме да се движиме каде сакаме.

Поминаа точно десет минути, а јас чувствувам дека колумнава не ми е завршена. Сепак, од мене излезе нешто, иако без план, без насока за пишување, без концепт и малку хаотично. Ќе го завршам тука текстов за да го испочитувам договорот кој си го направив со себе. Затоа што најтешко ми паѓа кога нема да се послушам самата, тоа му доаѓа како да сум се излажала себеси. Добро признавам еве, да не испадне дека покрај што се лажам сама ве лажам и вас. Веќе поминаа две минути плус од тие „ограничените“ десет, ама морав да го завршам некако тоа што го почнав. Дополнителната трета минута истекува и сфаќам дека во трката со времето секогаш тоа победува. Никогаш нема да можеме да го победиме, но можеме да си го организираме и да го искористиме максимално. Со надмината четврта минута сакам уште да ви кажам дека: можете да направите сè што ќе сакате, но доколку се ослободите од стравот. Стравот е пречка што многумина спречувала да направат многу работи.

И веќе со измината дополнителна петта минута, заокружувам со следнава реченица: „никогаш немојте да се ограничувате, постојат безброј можности за да се направи нешто, но ценето го вашето време, затоа што со него или вие ќе располагате или тоа ќе раководи со вас“.

На здравје паузирање!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.