Рим не бил изграден за еден ден

Во животот ништо не доаѓа со леснотија. Тоа го потврдува и самиот чин на доаѓање на овој свет кој е проследен со многу напори. Уште од тогаш се соочуваме со првите предизвици за кои не сме свесни. Не сме целосно свесни ниту во следните шест години после нашето раѓање. Но, со текот на времето работите почнуваат да се кристализираат и превезот пополека се симнуваа, како што минуваат годините.

Како и да е, нема ништо потешко од живот исполнет со заблуди. Кој би сакал да живее во такво опкружување? Кој сака да му биде секојдневието исполнето со лаги, интриги и сплетки? Ако на некому тоа му одговара, мислам дека треба да се посоветува со стручно лице.

Според митологијата постојат повеќе легенди за изградбата на Рим, а една од легендите раскажал римскиот поет Вергилиј во неговата класична епска поема Енеида. Со француската поговорка содржана во насловот се послужив за да ја пренесам главната идеја за која сакам да зборувам, а не за митолошките приказни и историјата на градот.

Помислата дека „ништо не се прави преку ноќ“ не може да се опише поубаво освен со главната поговорка дека: „Рим не бил изграден за еден ден“. А, зошто го пишувам ова?

Затоа што сакам да потенцирам дека за сè треба време. Но, не во онаа смисла „дај му време на времето“ па како тоа да треба само да отвори уста и да каже нешто, туку дека доколку се трудиме и напорно работиме можеме да изградиме и палата. Можеби се изразив хиперболично, но зошто да не? Ништо не е невозможно. Доколку посакате да изградите „палата“ и напорно работите кон остварување на намерата, можеби и еден ден ќе ви успее.

Аналогно на ова, постојат многу работи за кои ви треба време и вам, ама баш токму како што ѝ треба и на природата. Тргнувајќи од наједноставното растење на некој плод кој сте го засадиле во вашиот двор, растењето и развивањето на цвеќињата, па до сложениот пат на создавање на човечкиот плод. Не зборувам за „чинот“ кој доведува до оплодување зошто тој трае најкратко, туку за периодот на тие девет месеци кои треба да изминат додека ембрионот не се развие доволно за да би можел после тоа и нормално да функционира. Со ова сакам да кажам дека самото размислување за „животот“ од оваа перспектива, можеме да научиме многу лекции за кои некогаш не сме свесни колку ни се достапни и пред самиот нос.

Не, не велам дека јас открив топла вода, ниту дека сакам да се правам „мудрец“ туку сакам да го претставам мојот начин на размислување и да ве поттикнам и вас да размислувате. Некаде прочитав нешто слично на ова: „Мене не ми е воопшто важно што луѓето мислат, затоа што луѓето воопшто не размислуваат“. И искрено малку се замислив. Не можам 100% ниту да го потврдам ова ниту да го негирам затоа што не сум сигурна дали е докажано, но сигурно знам дека Декарт еднаш рекол: „Cogito ergo sum“. Тогаш кога ја имате привилегијата да постоите, зошто не го искористите и потенцијалот да размислувате? Ох, колку многу работи можат да ви паднат на памет. Сигурно ќе ви дојдат и идеи што треба да преземете за конечно да почнете да го остварите планот за градење на палатата.

Не чекајте времето да минува, а вие да седите со скрстени раце. Преку ноќ ништо нема да се добие, а тоа што се добива така најверојатно не е стекнато на чесен начин.

Ја сфаќате поентата? Апсолутно за секое едно нешто треба време. Посебно кога станува збор за успех на некое поединечно поле. Но, накрај трудот и времето кое сте го потрошиле, ќе се исплати. Јас сум поборник на идејата дека „ништо не е залудно“ и дека секој ќе си го добие тоа што го заслужува. Било да е тоа добро или лошо. Не брзајте со заклучоци за ништо, но не дозволувајте да бидете во заблуда. Таа е извор на сите несигурности, сплетки и нејаснотии. Исчистете ги вашите мисли од нечисти мисли, за да можете да ја осознаете вистината во нејзината вистинска форма. А, некогаш треба само да ја прашате вистинската личност која го има точниот одговор. И таа е целата вистина. Вистината која ја знаете, а може да ја побарате и во себе.

Единствено нематеријално нешто кое може да се сруши побрзо дури и од еден ден е довербата. Ако се изборите за неа, немојте да ја срушите зошто тулите кога ќе паднат боли, посебно за онаа страна која толку имала надеж и дала доверба многу повеќе отколку што стекнала.

2 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.