Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распишува КОНКУРС за наградата „Антево перо“

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распишува КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“ за 2019 година, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Пропозиции:

1.Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

2. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавена збирка поезија на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.

3. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

4. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација.

5. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, и за следните години и состави на комисиите, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

6. Кандидатите треба своите ракописи да ги достават во електронска форма, во pdf или word формат на електронската адреса: antevopero@gmail.com, заклучно со 25 август 2019 година.

7. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

8. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува пристигнатите поетски збирки сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

9. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата што ќе се одржи од 27 до 29 септември 2019 година.

_______________________________
Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи од 27 до 29 септември 2019 година, во Скопје и Лазарополе.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.