Пријателството денес има поинакво значење

Денес каснам малку со објава, затоа што монолозите ги пишувам точно на денот кога треба да бидат прикачени. Денес, решив да зборувам за пријателство. Многу работи ни паѓаат на памет кога ќе го слушнеме самиот збор, а лично мене ме асоцира на поддршка, лојалност, искреност, доверба, дружење, советување, доверување и слично. За жал живееме во такво општество каде што лека полека вистинските вредности исчезнуваат или се потценети и неправилно сфатени. Да ги оставиме настрана факторите кои допринеле до оваа појава, да го земеме фактот дека денес сите имаме по минимум 1000 пријатели на социјалните мрежи односно во виртуелниот свет, додека во реалноста прашање е дали и пет луѓе ни се вистински пријатели.

Сметам дека сите не можат да ти бидат пријатели, ниту пак сите можат да те сакаат и да те обожуваат, а ниту ни треба. Како што сигурно ни ти не сакаш секого и како што не може секого да го наречеш пријател. Убедена сум дека е подобро да имаш ограничен круг на луѓе кои те сакаат и поддржуваат и кои можеш со сигурност да ги наречеш вистински пријатели отколку триесет околу тебе кои ти работат зад грб и ти прават лице.

Мојот круг на пријатели е премногу тесен, а и никогаш не бил премногу голем. Едноставно после искуството со прекинот на долгогодишно пријателство некако сите околу мене ги земав со резерва и не сакав со никого да се зближувам за да не бидам повторно разочарана. Многу рано сфатив дека луѓето можат да бидат многу себични и да се прават нешто што не се, односно да не се сто процентно искрени, на пример како што јас секогаш сум била и ќе бидам. Заклучив дека доколку некој не е целосно отворен и искрен, тогаш не заслужува да биде дел од мојот живот.

Денес можам да кажам дека имам одреден број на луѓе кои слободно можам да ги наречам пријатели и сум благодарна што ги имам во својот живот. Не е важен нивниот број колку што е важен односот со нив и задоволството кое произлегува од меѓусебното дружење, помагање, поддршка и слично.

Забележав една работа која навистина ми остави силен впечаток, а е поврзана со социјалните мрежи. На фејсбук луѓето си делат коментари и комплименти како по некоја шема, а добар дел од нив кога ќе те видат во живо не те познаваат. Тоа ми го потврдува нештото што вели дека: социјалните мрежи колку што те зближуваат исто толку те оддалечуваат. Разликата помеѓу виртуелна реалност и реалноста: На едно место во исто време се собрани 200 луѓе, додека во парк има едвај 20 души. Тоа е разликата. Денес луѓето побрзо стапуваат во меѓусебен контакт преку интернет интеракција отколку со личен контакт. Затоа е многу полесно да имаш илјада пријатели кои не се такви во вистинската смисла на зборот отколку да имаш тројца ама вистински.

Пријател е некој кој е тука за тебе во секое време, ги знае твоите најслаби страни и те поддржува, ја знае твојата мрачна страна и продолжува да те смее и да ги истакнува твоите позитивни страни. Пријател е оној кој би дошол и во три по полноќ каде што си доколку ти е потребен. Пријател е оној кој нема да му досади да те слуша и два часа би те слушал со внимание и без да те прекинува. Пријател е оној кој може да ти биде рамо за плачење истовремено како и твој критичар или „гласот на совеста“ кога ти е потребен некој мудар совет кога можеш да направиш некоја глупост. Можам да продолжам да давам дефиниции, но поентата е јасна: пријател не може да ти биде секој, а оние кои сето ова го прават едни за други се вистински среќници. Чувајте ги вашите блиски пријатели затоа што се ретки во денешницата. Посебно се среќни оние кои другарите од детство им останале пријатели за цел живот. Да живее пријателството.

До следно! На здравје паузирање!

Advertisements

2 comments

  1. …eve edna ziva vistina kako dopolnuvanje na tekstot…eden moj prijatel se povredi i otidov na pomos okolu vnesuvanje na ogrevno drvo…prijatelot mu vika na svoeto vozrasno since,
    Na fejsbuk imas tri iljadi prijateli povikaj nekoi drugari, ke vi dadam po dvatrista denari, i pivce i rucek da gi vneseme drvata…i pretpostavuvate takov kandidat nemase nitu eden, …ne se ni osmeli da gi pobara…pozdrav.

    Liked by 1 person

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.