Тишина

Тишина-вечно треперење на срцето мое…

Тишина-вечен сон на битието твое…

Тишината како бавно будење на животот наш…

Тишината како нашата жртва еднаш…

Тишината како рибар кој упорно пленот го чека…

Тишината како пламен на љубовта наша довека…                 

Секоја вечер темнината ме мами,

кога ветрот нежно по лицето ме гали,

додека децата мали играат, пеат

и безгрижно се смеат,

а баба огнот го пали.

Заборавив дека и јас сум човек,

дека и мене ми треба топлина и нежност,

дека уживам мугрите да ги дочекувам

во твојата прегратка,

опиена од твојата свежест.

На сенките им се восхитувам,

а кога на тебе помислувам

невоздржано воскликнувам.

Ѕвездите ги барам

да ми го покажат патот.

Своето срце го карам

бидејќи кон тебе ме води

небаре ти си рудник со злато.

Моето неспокојство по мракот броди,

а чувството силно во битието мое

по брановите како кајче плови

и еве, наскоро ќе се успокои

единствено засолнувајќи се крај срцето твое..

Има сила посилна од тебе и мене

која нè води низ сите бури,

сите времиња нејасни, празни, штури

со четка и илјадници бои ги црта нивните контури.

На наша страна е ова чудесно време.

Помогни ми заедно да го износиме ова бреме.

Не мора да кажеш нити еден збор,

во мојата тишина ќе го најдеш секој одговор,

а пред сè твојот вечен спокој.

Деновите, месеците и годините

се само бројки ситни.

Нашата љубов и чувствата искрени

се најбитни

за да продолжам напред,

кон непознатото, неоткриеното, новото.

Знаеш она нашето, тајното, човековото.

Мрак паѓа-тишина,

Денот се буди-тишина.

Мугрите Рацинови дури ги чекам

уживам во тишината

оти таа најгласна е

и најмногу зборува

и секогаш има најмногу

што да каже

без моето срце

да го излаже.

Тишина-вечно треперење на срцето мое…

Тишина-вечен сон на битието твое…

Тишината како бавно будење на животот наш…

Тишината како нашата жртва еднаш…

Тишината како рибар кој упорно пленот го чека…

Тишината како пламен на љубовта наша довека.

Автор:
Иванка Тодорова Милошевска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.